Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

Европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел нагласи дека земјите-членки „го губат трпението“ кога се во прашање односите меѓу Косово и Србија

-

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби.

„Со експлозивна направа беше нападната зградата на општина Северна Митровица во доцните вечерни часови, а постои сомневање дека станува збор за рачна бомба М75“, соопшти утринава косовското МВР, а пренесе Коссев.

Од полицијата изјавиле дека оштетени биле две службени возила во близина на објектот, додавајќи дека „станува збор за уште еден терористички напад врз косовските институции“, односно „обид на Србија да направи ескалација на ситуацијата на Северот“.

Курти на Твитер напиша дека имало напад со две рачни бомби и дека за среќа нема повредени.

„Општинската зграда во Северна Митровица синоќа беше нападната со две рачни бомби, при што беа оштетени автомобили во близина. За среќа нема повредени, но лесно можеше да има“, напиша косовскиот премиер на Твитер.

И тој, како што пренесуваат косовските медиуми, прстот го вперил кон официјален Белград.

„Ја повикувам Србија веднаш да престане да поттикнува насилство пред да дојде до загуба на животи“, вели Курти.

Албанскиот премиер Еди Рама предупреди дека влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина може да предизвика погубен ефект врз целиот регион.

„Сите настани се поврзани и не можеме само да гледаме во нашата куќа и да си ја вршиме домашната задача без да внимаваме на она што се случува околу нас и без да се грижиме за разорните ефекти што може да ги предизвика натамошното влошување на ситуацијата, не само меѓу Косово и Србија, туку во целиот регион“, предупреди Рама, пред средбата со европскиот шеф на дипломатијата Жозеп Борел.

Пред средбата се огласи и Борел, кој рече дека и Белград и Приштина мора да направат сè што е во нивна моќ за да се намалат тензиите, повторувајќи го како  заклучок од вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ.

„Двете страни мора да ја деескалираат ситуацијата и да најдат начин да одат напред, според патоказот кој ЕУ им го предложи минатата недела во Брисел“, рече Борел, потсетувајќи на предлогот со кој се бара повлекување на новоизбраните градоначалници од функциите во четири општини на северот на Косово во кои Србите се мнозинство од населението, повлекување на специјалната полиција од општинските згради, отстранување на барикадите и итно организирање на вонредни локални избори во четирите општини со загарантирано учество на српски претставници.

Тој нагласи дека земјите-членки „го губат трпението“ кога се во прашање односите меѓу Косово и Србија.

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“ при што...

ОБСЕ: Длабоко сме загрижени поради заканите со смрт кон српските новинари

Mисијата на ОБСЕ во Србија и претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Јан Брату, се длабоко загрижени поради неодамнешните закани со смрт против новинарите на „Н1“ ТВ, објавија на официјалниот...

Администрацијата на Трамп отстрани 2000 војници на Националната гарда кои беа распоредени во Лос Анџелес

Администрацијата на Трамп соопшти дека ќе ја намали својата воена операција во Лос Анџелес со отстранување на половина од трупите на Националната гарда што беа распоредени во областа минатиот месец, поради...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...