понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Edi Rama | 51 резултати

Експлодира граната во дворот на општината во Северна Митровица, Курти обвинува за терористички напад

27 јуни 2023

Рачна граната експлодирала синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јавија косовските медиуми. За синоќешната детонација се огласи и премиерот на Косово, Албин Курти, кој за разлика од полицијата, напиша дека во дворот на општинската зграда всушност биле фрлени две рачни бомби. […]

Во Албанија ќе профункционираат 30 летни здравствени амбуланти

11 јуни 2023

На крајбрежните и планинските туристички области во Албанија ќе бидат отворени 30 летни здравствени амбуланти, објави албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Фејсбук. Тој сподели мапа на градовите каде ќе се наоѓаат овие амбуланти, кои ќе се отворат на 30 јуни. „Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за туристите кои оваа […]

Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности, го развиваме регионот по европски стандарди

2 април 2023

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се сретна со српскиот претседател, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, во Бардолино, Италија, како дел од меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан, соопшти Владата. На средбата се разговарало за имплементација на активностите во […]

Убиен чувар при напад на телевизијата Топ Чанел во Тирана

27 март 2023

Чувар го загуби животот синоќа кога непознати лица пукале од огнено оружје кон седиштето на националната телевизија Топ Чанел во Тирана, пренесе Гласот на Америка на албански јазик. Полицијата соопшти дека чуварот бил вработен во фирма за физичко обезбедување на објекти. Веднаш била формирана истражна група за расветлување на настанот, откривање и апсење на сторителите, […]

Ракетата на Спејс Икс ги лансираше сателитите Албанија 1 и Албанија 2

4 јануари 2023

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената вчера од базата Кејп Канаверал на Флорида. Тој на својот Фејсбук профил сподели видео од моментот на лансирање. „И тоа бидна, речено, сторено. Од базата Кејп Канаверал во Флорида, САД, штотуку е лансирана ракетата Фалкон 9, преку заедничката мисија […]

Ковачевски-Рама: Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, ќе биде фатално да имаме враќање назад

14 ноември 2022

Премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска на заедничка прес-конференција ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион. Премиерот Ковачевски неколку пати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси и истакна […]

Вистиномер: Сатирична објава за Еди Рама се пренесува како сериозна вест

15 април 2022

Aвторот на објавата не забележал дека, всушност, се работи за сатирична вест. Аналитичарката Сузана Стариков во неколку наврати реагираше на Твитер дека станува збор за првоаприлска шега и дека медиумите треба да престанат да ја пласираат како сериозна вест, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук, повикувајќи се […]

Албанија ќе испрати два Спејс Икс сателита во вселената (видео)

21 октомври 2021

Премиерот на Албанија, Еди Рама објави видео на Фејсбук на кое гледа лансирање ракетите Спејс Икс и на англиски разговара со соговорник за лансирање сателити во вселената. Според Рама, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ ќе бидат лансирани во март и јуни следната година. „Албанија во орбита. Неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото. Рама […]

Заев, Вучиќ и Рама ги потпишаа првите официјални документи за соработка во рамките на „Отворен Балкан“

29 јули 2021

Како први значајни чекори за нов и конкретен импулс за поттикнување на регионалната соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, премиерот Зоран Заев, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама, денеска ги потпишаа Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан, Меморандумот за […]

Заев, Вучиќ и Рама на Економскиот форум во Скопје: Започнува нова ера на соработката

29 јули 2021

Со обраќања на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на премиерот на Албанија, Еди Рама, како организатори, и во координација и соработка со стопанските комори на трите земји, денеска во Скопје започна Економскиот форум за регионална соработка. Со претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна […]

По вчерашното бугарско вето, Заев и Рама на средба во Скопје: ЕУ потфрли да донесе вистинска одлука

23 јуни 2021

Премиерот Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија. „Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета […]

ИФИМЕС: Договорот САД-Србија-Косово ќе го поправи тоа што ЕУ дозволи да се расипе

24 септември 2020

Вашингтонскиот договор претставува нова политичка реалност не само за Косово и Србија, туку и за целиот регион на Западен Балкан, па дури и за самата ЕУ, која премногу млитаво се однесуваше кон Западниот Балкан и е немоќна пред притисоците на Русија, Кина и Турција, и која не се спротивставува решително на популистите коишто соработуваат со […]

Меѓувладините проекти помеѓу Албанијa и Македонија „се спроведуваат” само на хартија

23 март 2020

Премиерот на Албанија, Еди Рама и поранешниот македонски премиер Зоран Заев го одржаа првиот меѓувладин состанок на 15 декември 2017 година во Подградец. Рама и Заев првиот состанок го проценија како „ново поглавје во односите помеѓу двете земји”. Лидерите на двете земји ветија дека за кратко време, ќе се изгради железничката делница Драч-Елбасан-Подградец и граничната […]

Фактоје: Авионите на небо, аеродромот во Валона во калта

20 декември 2019

Албанскиот сервис за проверка на факти „Фактоје” оцени важно ветувања на Владата на Еди Рама, за изградба на аеродром во Валона. Албанскиот премиер Рама пред скоро една година вети дека активностите за изградба на аеродромот во Валона ќе започнат во 2019 година. Според проверката на „Фактоје”, не само што не започнале, туку дури вчера (19.12.2019) […]

Еди Рама со последно предупредување до порталите да не шират лажни вести за земјотреси

28 ноември 2019

Албанскиот премиер Еди Рама упади остро предупредување до порталите поради ширењето вести за земјотресите, со коишто се зголемува паниката кај населението во Албанија по трагичниот земјотрес рано утрото на 26 ноември, јавува Порталб.мк. „Сакам последен пат да ги предупредам порталите и телевизите дека според законските рамки и прогласената итна состојба, ќе бидам приморан да интервенирам […]

Владата нема информација за посетата на Макрон следниот месец

21 октомври 2019

Македонските медиуми повикувајќи се на албанските, денеска пишуваат дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе ги посети Скопје и Тирана следниот месец. На прашањето на „Мета.мк“ до Владата дали има најава за посета, од таму одговорија дека „таква информација во овој момент немаат“. Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија […]

Заев: Имаме обврска да ги воведеме четирите слободи на ЕУ во Западен Балкан

10 октомври 2019

Северна Македонија, Србија и Албанија треба да ја зајакнат регионалната сорботка и да ги воведат европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал, порача македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Нови Сад. Тој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот […]

Трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама во Нови Сад

10 октомври 2019

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ […]

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

8 октомври 2019

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот. Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди […]

Како непроверен политички коментар на потпретседател на опозициска партија во Албанија, стана вест

12 јули 2019

Албанскиот портал „Стандард.ал“ објави напис со наслов „Заев ни образложи за кого работи Рама или рускиот татко!“ со тешки обвинувања за премиерот Еди Рама, кој се повикува на Фејсбук статус на Петрит Васили, потпретседател на опозициското Социјалистичко движење за интеграции, од кој се добива впечаток дека премиерот Зоран Заев, во објавените разговори од руските комичари […]

Страна 1 од 3