fbpx

Поради посетата на Рама, утре посебен режим на сообраќај во Скопје

За сообраќај ќе бидат затворени бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“

-

Министерството за внатрешни работи информира дека утре во Скопје поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај.

За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.

„Од тие причини, Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот“, додаваат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...