fbpx

Поранешен портпарол на Путин назначен за раководител на руската новинска агенција ТАСС

Кондрашов е телевизиски новинар кој во 2018 година работел како портпарол на изборниот штаб на Путин

-

Поранешниот изборен портпарол на рускиот претседател Владимир Путин е назначен за нов раководител на државната новинска агенција ТАСС, согласно владината одлука објавена денеска, објави Ројтерс. 

Кремљ го назначил Андреј Кондрашов за генерален директор на ТАСС, а претходниот генерален директор Сергеј Михаилов денеска ја напуштил функцијата.

Ројтерс пишува и дека руската Влада ја има засилено контролата врз медиумите уште од почетокот на воената инвазија врз Украина, со затворање на водечките независни медиуми и обележувајќи голем број медиумски работници како „странски агенти“.

Кондрашов е телевизиски новинар кој во 2018 година работел како портпарол на изборниот штаб на Путин.

Новинската агенција ТАСС е основана во 1904 година и е прва официјална новинска агенција на Русија. Името го задржала од советската ера, а иницијалите  значат Телеграфска агенција на Советскиот Сојуз.

ИзворReuters

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...