fbpx

Албанските студенти по медицина на протест – ќе мора да работат во државата 5 години пред да добијат диплома

Студентите по медицина во Албанија протестираат против одлуката чија главна цел е да ја забави емиграцијата на доктори и медицински лица во Европа

-

Студентите по медицина во Албанија ја започнаа новата академска година со протести и бојкот како реакција на новата одлука на Владата која ги обврзува студентите да работат пет години во земјата пред да добијат диплома, известува Балкан инсајт.

Планот беше познат на јавноста веќе неколку месеци, но беше усвоен во јули кога студентите одржаа протест пред албанскиот парламент. Студентите велат дека договорот што ќе треба да биде потпишан меѓу студентите и институциите сè уште не е објавен.

„Не сметаме дека е правилно да го потпишеме овој договор. Тој ниту е во согласност со нашите интереси, ниту би му служел на здравствениот систем“, изјави еден студент за медиумите.

Образовните организации исто така се спротивставија на законот, сметајќи го за „популистичко-комунистички закон“.

Идејата зад одлуката е да се спречи масовното иселување на студентите по медицина од државниот универзитет, кои со години заминуваат да работат во Европа, особено во Германија, набрзо по добивањето на дипломите. Во 2020 година, Албанија имала најниска стапка на доктори и медицински лица по глава на жител во Европа.

Премиерот Еди Рама сам ја донесе одлуката, со желба да испрати „порака“. Рама тврди дека медицината не е како сите други професии, бидејќи е поврзана и со обврската на секоја држава да го обезбеди правото на секој граѓанин на пристап до здравствени услуги.

Албанскиот премиер излезе и со коментар за тоа дека албанската влада ги субвенционира школарините за студентите на медицина.

„Не можеме ние да го финансираме германскиот здравствен систем. Не можеме да прифатиме студент по медицина да плаќа 1/16 од трошоците за студирање, владата да го плати остатокот и потоа студентот да добие диплома и да оди во Германија или на друго место“, вели Рама.

Студентите кои моментално студираат смеат да ги прекинат студиите, но ќе треба да платат данок. Деталите околу овој данок сè уште не се објавени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...