Том Хенкс жртва на вештачката интелигенција – неговиот лик злоупотребен во реклама

Внимавајте!! Има видео каде што се промовира некаков дентален план со моја слика, направен со вештачка интелигенција. Немам никаква врска со тоа, пишува Хенкс на Инстаграм

извор: wikimedia commons

Том Хенкс ги предупредува обожавателите дека е жртва на вештачката интелигенција. Неговиот лик се нашол во реклама за извесен стоматолошки план, која е всушност лажна, односно создадена со помош на вештачка интелигенција, пренесува Гардијан.

„Внимавајте!! Има видео каде што се промовира некаков дентален план со моја слика создаден преку вештачка интелигенција. Немам никаква врска со тоа“, напиша Хенкс на Инстаграм, на профилот каде што има 9,5 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Hanks (@tomhanks)

Оскаровецот и во минатото изразуваше загриженост за употребата на вештачката интелигенција во филмовите и на телевизија, иако се случуваше да одобри дигитално изменети верзии од себе, како на пример во сцените од филмот од 2022 година, „Човекот наречен Ото“.

„Го предвидовме ова. Видовме дека постои можност тие нули и единици во компјутерот да станат лице и фигура. Сега само порасна и сега го гледаме насекаде“, рекол актерот на поткаст во април.

Тој додава дека освен уметнички, ова е и правен проблем и дека во тек се дискусии за воведување правни последици за користење на гласовите и лицата на актери.