fbpx

Албанија ќе испрати два Спејс Икс сателита во вселената (видео)

-

Премиерот на Албанија, Еди Рама објави видео на Фејсбук на кое гледа лансирање ракетите Спејс Икс и на англиски разговара со соговорник за лансирање сателити во вселената. Според Рама, сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ ќе бидат лансирани во март и јуни следната година.

„Албанија во орбита. Неверојатно, но вистинито“, вели Рама во видеото.

Рама не соопшти детали како ќе се финансира овој проект, но на 14-ти овој месец зборуваше и во Собранието велејќи дека контролата на границите на Албанија треба да биде со современа технологија, со дронови и сателити.

Според премиерот на Албанија, сателитите би можеле да се користат за секојдневна контрола врз целата територија на земјата.

Ваквата најава предизвика големо изненадување и неверување во јавноста, но „Политико“ во својот напис објави дека овие идеи на албанскиот премиер се должат на неговиот близок однос со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Во јануари, Ердоган имаше телефонски повик со Илон Маск, директор на Спејс Икс, американска приватна компанија за истражување на вселената, за да разговара за соработката со турските компании. Во соработка со Спејс Икс, Анкара го претстави Турксат 5 A сателитот кој ќе се користи и за цивилни и за воени цели“, пишува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...