fbpx
Таг: Edi Rama

таг: Edi Rama

Заев: Имаме обврска да ги воведеме четирите слободи на ЕУ во Западен Балкан

Северна Македонија, Србија и Албанија треба да ја зајакнат регионалната сорботка и да ги воведат европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал, порача македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Нови Сад. Тој заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама,...

Трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама во Нови Сад

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Заев синоќа пристигна во Нови Сад, каде беше пречекан од новосадскиот градоначалник Милош Вучевиќ, по што присуствуваше на вечера што во негова и во чест на Рама ја приредија Вучиќ и српската премиерка Ана Брнабиќ. –...

Остри критики за мерките на албанската влада против дезинформациите

По безмалку 11 месеци жестоки критики од новинарите, здруженијата и меѓународните организации, спорните закони кои, според опонентите, негативно ќе повлијаат на работата на новинарите и на слободата на говорот во Албанија, во текот на месецов се очекува да се најдат на гласање во парламентот. Случајот започна во декември 2018 година, кога премиерот на Албанија Еди Рама најави мерки против дезинформирањето....

Како непроверен политички коментар на потпретседател на опозициска партија во Албанија, стана вест

Албанскиот портал „Стандард.ал“ објави напис со наслов „Заев ни образложи за кого работи Рама или рускиот татко!“ со тешки обвинувања за премиерот Еди Рама, кој се повикува на Фејсбук статус на Петрит Васили, потпретседател на опозициското Социјалистичко движење за интеграции, од кој се добива впечаток дека премиерот Зоран Заев, во објавените разговори од руските комичари ја потврдува “предавничката” вмешаност...

Заев и Анѓушев ќе учествуваат на форум во организација на „Фајненшл тајмс“

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев утре се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на „Фајненшл тајмс“ за учество на Форум за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. „Премиерот Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен...

„Србија Данас“ виде Голема Албанија и во средбата Заев – Рама

Практиката на некои српски веб-страници што претендираат да се нарекуваат медиуми да пласираат коментари во форма на вест, српската „Србија Данас“ вчера ја поттурна уште едно ниво надолу. Имено, пренесувајќи ја интегрално веста на српската државна новинска агенција „Танјуг“ за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Тирана и за разговараното со неговиот албански колега Еди Рама, „Србија Данас“ одозгора...

Рама: Косово е почеток, ќе ги укинеме границите со Македонија, Црна Гора, Грција…

Во новогодишното обраќање, албанскиот премиер Еди Рама порача дека отворањето на границите на Албанија со Косово, што настапи на првиот ден на 2019 година, е само почеток и дека Албанија планира да ги отвори границите и со Македонија, Црна Гора и Грција, пишува „Газетa Обсервер“. - Наскоро, верувам во текот на пролетта, границата помеѓу Албанија и Косово ќе биде според...

Албанија почна со остварување на заканите против онлајн медиумите

Агенцијата за електронски и поштенски комуникации на Албанија (АКЕП) вчера им даде рок од три дена на вработените во 44 онлајн медиуми да извадат даночен број и да го објават на веб-страницата, што предизвика нов бран остри реакции од новинарската фела за притисок на власта врз медиумите. Наведените онлајн-медиуми се во најголем дел критичари на власта. Голем дел од замерките...

Рама, Бушати: Голем ден за Албанија, за Македонија, но и за ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, во првата куса изјава околу одлуката за почнување преговoри на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. – По 72 часа помеѓу внатрешните бранови на ЕУ, Албанија успеа да добие датум за влез во пристаништето на обединета Европа. Резултатите од нашите реформи ги натераа...

Рама: Двајца прогресивни лидери испишаа историја, Балканот сега е подобро место

Двајца прогресивни лидери на соседните земји денеска испишаа историја и им покажаа на ЕУ и на светот како волјата и подготвеноста да се надмине минатото може да пронајде простор за иднината кога изгледа дека таков простор нема, напиша албанскиот премиер Еди Рама вчера на својот Твитер-профил, честитајќи им на македонскиот и на грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за...

Пратениците во Тирана фрлаа јајца и брашно по Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама за време на денешната седница на парламентот беше гаѓан со брашно и јајца поради апсењата на лицата кои протестираа против воведувањето патарини на автопатот меѓу Косово и Албанија. Седницата во неколку наврати беше прекината. По инцидентот беше принудено да реагира и обезбедувањето, кое отстрани од салата неколку пратеници од редовите на опозицијата, јавија албанските медиуми.

Рама: Ќе продолжам да ги бранам Албанците во Македонија

Албанскиот премиер Еди Рама за албанските медиуми изјави дека ќе продолжи да ги брани Aлбанците во Македонија. Како што пишуваат медиумите во соседната земја, тој така одговори на обвинувањата што му ги упати Руската амбасада во Македонија за изјавата дека благодарение на неговата партија е усвоен Законот за употреба на јазиците во Македонија. Рама вели и дека се гордее кога...

Руско МНР: Еди Рама и понатаму ги турка големоалбанските амбиции

Одделот за медиуми на Министерството за надворешни работи на Русија вечерва порача дека изјавата на албанскиот премиер и претседател на Социјалистичката партија на Албанија, Еди Рама, за Законот за употреба на јазиците во Македонија е потврда дека тој и понатаму сака да ја реализира „тиранската платформа“ и да се заканува на уставните темели на македонската државност и на Охридскиот...

Рама: Без нас албанскиот немаше да биде официјален јазик во Македонија

Премиерот на Албанија, Еди Рама усвојувањето на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија го оцени како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли. За време на конференцијата на Младинскиот форум на неговата Социјалистичка партија, тој изјави дека за изгласувањето на овој закон заслужна е неговата Влада, која имала сериозен пристап кон...

Нема реконструкција на Владата, в понеделник нови министри

Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албанскиот колега Еди Рама во Поградец попладнево изјави дека нема да има реконструкција на македонската влада. Тој рече дека празните министерски места ќе бидат пополнети со нови имиња, кои в понеделник ќе се најдат во Собранието на Република Македонија. На прес-конференцијата по заедничката седница на владите на Македонија и Албанија, Заев рече и дека...

Еди Рама нема намера да провоцира, Ивица Дачиќ не сака „трет играч“

Целта на заедничката седница на владите на Косово и на Албанија не е да се провоцираат другите, изјави албанскиот премиер Еди Рама во Корча, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има храброст да ја организира седницата во српскиот дел на Митровица. На заедничката прес- конференција со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по седницата на двете влади, Рама најави дека следната таква...

Заев и Рама: Македонија и Албанија немаат отворени политички прашања

Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот албански колега, Еди Рама, на синоќешната средба во Скопје констатирале дека Република Македонија и Република Албанија имаат одлични политички односи, без отворени прашања и дека е тоа добра основа за интензивирање на соработката во насока на примена на европските стандарди, економската соработка, како и обезбедување услови за евро-атлантски интеграции на целиот регион, соопшти...

Илјадници бараа техничка влада на протестот на опозицијата во Тирана

Илјадници луѓе протестираа денеска со мирен марш долж главниот булевар на Тирана, движејќи се кон кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама. Тие учествуваа во големиот, како што го нарече опозицијата, национален протест, со кој се бараше техничка влада што ќе ги организира парламентарните избори, кои се закажани за средината на јуни. Поворката демонстранти ја придружуваа стотици полицајци. Иако опозицијата тврдеше дека...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не осуди ниту една иредентистичка изјава

ВМРО-ДПМНЕ преку редовното утринско соопштение денеска го напаѓа СДСМ дека досега не осудил ниту една шовинистичка изјава од албанските политичари. „Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава што доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и ред други. Последен во низата е Бујар...

Даут Харадинај: Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот

Македонците сфатија дека Албанците се фактор на мирот и на стабилноста во земјата, па затоа ситуацијата во Македонија се подобрува, порача вчера пратеникот во парламентот на Косово, Даут Харадинај, во интервју за албанската телевизија „Репорт ТВ“. Тој истовремено нагласи дека Албанците се конститутивен народ во Македонија и рече дека и Еди Рама и сите Албанци обединувањето го гледаат во рамките на ЕУ. -...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...