Ковачевски од Тирана: Ја унапредуваме соработката во Западен Балкан

Клучни теми на кои се разговарало, како што рече мaкедонскиот премиер, бил планот на ЕУ за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, којшто се потпира на неколку основни столбови

-

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денеска во Тирана учествуваше на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан со еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји.

На средбата присуствуваа домаќинот и премиер на Албанија, Еди Рама, српската премиерка Ана Брнабиќ и црногорскиот Дритан Абазовиќ.

Ковачевски изјави дека во фокус на средбата бил состанокот на Берлинскиот процес што во октомври ќе се одржи во Тирана.

Клучни теми на кои се разговарало, како што рече македонскиот премиер, бил планот на ЕУ за забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан, којшто се потпира на неколку основни столбови.

„Прво, побрзо приближување на земјите од Западен Балкан до заедничкиот пазар на ЕУ. Второ, зголемување на фондовите за финансирање на важни регионални проекти. Трето, зголемување на економската соработка и интеграција меѓу земјите од Западен Балкан и, четврто, забрзување на клучните реформи во секоја од државите“, изјави Ковачевски.

Според него, станува збор за амбициозна агенда на која сите земји од Западен Балкан ќе работат заеднички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...