fbpx
Таг: Берлински процес

таг: Берлински процес

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

Османи на состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ: Поминавме долг пат

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека „поминавме долг пат“ и постигнавме значајни резултати во меѓусебната соработка во рамки на германското претседателство со Берлинскиот процес за 2021 година. Османи учествуваше на денешниот состанок на министрите за надворешни работи со кој претседаваше германскиот министер, Хајко Мас. На средбата се дискутирале актуелни прашања поврзани со европската перспектива на Регионот во пресрет...

Берлин via Софија

Ете, дојде и помина тој долгоочекуван ден за годишниот самит на Берлинскиот процес, оваа година во Софија. Еден од главните столбови на Берлинскиот процес е решавањето на отворените билатерални прашања. Затоа овој самит требаше да биде симболичен триумф на пријателството меѓу ко-претседавачите Бугарија и Северна Македонија, пример како решавањето на билатералните прашања и регионалната сорaботка водат кон заедничка иднина...

Земјите од Западен Балкан во Софија потпишаа декларации за Заеднички регионален пазар и Зелена агенда

Лидерите од земјите на Западен Балкан на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес денеска ги потпишаа двете декларации за Заеднички регионален пазар и за Зелената агенда. Двата документа се голем успех од заедничкото ко-претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, бидејќи ги обединуваат напорите на Западен Балкан за уште поблиско интегрирање кон нормите и...

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји. Бугарската министерка Захариева и денеска потврди дека Софија е подготвена да...

Османи: Неодржувањето на првата меѓувладина конференција ќе значи неуспех на Берлинскиот процес

Доколку поради забелешките од Бугарија до крајот на годината не се одржи првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, тоа ќе се смета за неуспех на Берлинскиот процес, бидејќи идејата зад лансирање на оваа иницијатива е поттикнување на регионалната соработка и забрзување на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан. Во тој случај, товарот ќе биде на сите –...

Заев за Лондонскиот самит: Македонија имаше специјално место

Премиерот Зоран Заев во оценката за учеството на ова издание на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон вели дека Република Македонија имала специјално место на овој собир посветен на Регионалната економската соработка, потоа на надворешната политика и билатералните прашања и наследство од минатото, како и на безбедносните прашања и миграциите. - Мора да се каже дека Република Македонија има специјално место...

Николовски – Пелеши: Додека чекаме да влеземе во ЕУ, да ја зголемиме трговијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и неговиот колега од Албанија, Нико Пелеши денеска во Охрид разговарале за можноста за зголемување на трговијата, за системот на следење на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското Езеро. „Отворивме повеќе прашања кои и претходно се отворале, но немало резултат. Разговаравме...

Меј го покани Заев на самитот за Западен Балкан во Лондон

Амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет на денешната средба на премиерот Зоран Заев му ја предал поканата од британската премиерка, Тереза Меј за самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Лондон во јули следната година, а во рамките на Берлинскиот процес, соопшти владината прес-служба. Меј во поканата наведува дека целта на самитот во Лондон е...

Конференција „Иднината на Берлинскиот процес“: Позитивен, но недоволно видлив

Берлинскиот процес за четири години создаде позитивни моменти во односите на Западен Балкан со Европската Унија и донесе извесни резултати, но за да се постигне целосниот потенцијал, потребно е да се зголеми видливоста на процесот во јавноста. Ова е заклучокот од денешната конференција „Иднината на Берлинскиот процес“, организирана од Институтот за демократија „Сосиетас цивилис“, на која учествуваа и амбасадорите на...

Напролет Македонија ќе биде домаќин на првиот регионален дигитален самит

Македонија ќе биде прва земја домаќин на регионален дигитален самит, кој во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи следната пролет, во април или во мај, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Манчевски рече дека при подготовката на концептот за самитот, биле вклучени бизнис-секторот, универзитетите и граѓанските организации. - Дигиталниот самит ќе трае два дена и ќе...

Бујар Османи во Берлин ќе бара германска поддршка за планот „3-6-9“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска патува во Берлин, на работна посета. Тој утре треба да се сретне со Михаел Рот, државен министер за Европа во германското министерство за надворешни работи и со Андреас Гис, директор за развојна соработка, во министерството за економска и развојна соработка на Германија. Во фокусот на разговорите ќе бидат реформите поврзани со процесот на...

Во Трст почнува самитот Западен Балкан – ЕУ

Во Трст денеска почнува бизнис-форумот во рамки на самитот на лидерите на државите од Западен Балкан, на кој, покрај еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, учествуваат и министрите за трговија и за економија на земјите од Западен Балкан. Самитот се одржува во рамки на Берлинскиот процес, иницијатива покрената во 2014 година, а која има цел да ги...

Анѓушев до Ромео: Владата е посветена на обврските што произлегуваат од Берлинскиот процес

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, со италијанскиот амбасадор Карло Ромео разговарал за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија. Средбата доаѓа во пресрет на самитот за Западен Балкан во Трст, што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес. Ромео, чија земја е домаќин на годинашниот самит...

Османи – Ромео: Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања

Време е да се затворат меѓуетничките, како и сите други отворени прашања кои се клучен елемент за евроатлантските аспирации на Македонија, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба со амбасадорот на Италија во земјава, Карло Ромео. „Имаме голем предизвик пред нас да надоместиме за изгубеното време и се надевам дека тоа ќе го направиме во тесна соработка...

Вистиномер: Смртта на говедата во Канзас нема никаква врска со некаков глобален проект за недостиг на храна

Со 2,4 милиони говеда, Канзас е трета по големина американска држава во однос на бројност на стадата. Минатата недела температурата нагло пораснала, а студените ветрови стивнале, што придонело животните...