Самитот на Берлинскиот процес со три важни договора потпишани меѓу земјите од Западен Балкан

-

Самитот на Берлинскиот процес, кој деновиве се одржа во германскиот главен град ги собра лидерите на сите шест земји од Западен Балкан и овозможи потпишување три договорa што се важни за регионалната соработка помеѓу земјите.

Премиерите од балканската шесторка ги потпишаа договорите за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, за меѓусебно признавање на високообразовните квалификации за докторите на медицина, дентална медицина и архитектите, и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

Заедно со премиерите на Албанија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора, на самитот учествуваа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и германскиот канцелар Олаф Шолц како домаќин на годинешниот Самит. Тие разговараа на повеќе теми од интерес за регионот на Западен Балкан како регионалното поврзување преку заеднички регионален пазар, но и заедничка поддршка во справувањето со енергетската криза.

Премиерот Ковачевски оцени дека Берлинскиот процес, преку инклузивната поставеност, со вклученост на сите држави од Западен Балкан, придонесува во унапредувањето на регионалната интеграција, преку решенија во согласност со стандардите на ЕУ, што е во насока и на заложбите на Република Северна Македонија, како и на сите држави од регионот, за полноправно членство во Европската Унија.

Ковачевски исто така посочи на значењето на европските интеграции на Северна Македонија, како и на Западен Балкан – и за Европската Унија, што го покажа актуелниот политички контекст со потребата од заеднички пристап во решавањето на безбедносните, енергетските, економските и другите предизвици од глобалната криза, поради војната во Украина. Премиерот Ковачевски се заблагодари на канцеларот Шолц, односно на Сојузна Република Германија за иницијативата Берлински процес, што придонесува во инклузивниот пристап кон овие прашања, како и на претседателката на ЕК, Фон дер Лејен, за фокусот кон проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан, информираат од владината прес-служба.

Инаку, лидерите на Западен Балкан усвоија и Заедничка декларација за енергетска безбедност и зелена транзиција во Западен Балкан. Заложбите во неа се значително поддржани со изјави за поддршка и од другите учесници во Берлинскиот процес, особено од Комисијата на ЕУ. Потврдени се и заложбите на регионот кон Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB).

Учесниците на Самитот ја поздравија иницијативата на германската Влада за создавање Младински културен фонд на Западен Балкан под администрација на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), како вреден придонес за поттикнување на добрососедските односи и меѓусебното разбирање, важни за помирувањето. А, на Самитот е изразена и подготвеност за зајакнување на тековната работа за интеграција на Ромите во областа на домувањето, образованието, вработувањето, зелената и дигиталната агенда.

Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера во Берлин изјави дека сите држави од Западниот Балкан се дел од слободна и демократска Европа и дека работа на Европската Унија и на регионот е ветената европска иднина да ја претворат во реалност. Шолц рече дека Самитот на Берлинскиот процес е и можност да се разговара со сите предизвици со кои се соочува Западниот Балкан, но и преку него да се забрза патот кон ЕУ на овој регион.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...