fbpx

Напролет Македонија ќе биде домаќин на првиот регионален дигитален самит

-

Македонија ќе биде прва земја домаќин на регионален дигитален самит, кој во рамки на Берлинскиот процес ќе се одржи следната пролет, во април или во мај, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Манчевски рече дека при подготовката на концептот за самитот, биле вклучени бизнис-секторот, универзитетите и граѓанските организации.

– Дигиталниот самит ќе трае два дена и ќе бидат опфатени теми како дигитални мрежи и услуги, поврзување и пристап, доверба и безбедност, како и дигитални вештини и дигитална економија и општество. Овие теми ги обединува дигитализацијата, од која неизбежен дел станаа и лажните вести. За предизвикот со феноменот на лажните вести ќе имаме посебна работилница. Особено внимание ќе посветиме и на дигиталното поврзување на земјите од регионот – рече Манчевски.

Дигиталниот самит предвидува и ЕКСПО-дел, каде дигиталните ИКТ-компании ќе имаат можност да ги престават своите остварувања.

Одлуката да се организира дигитален самит во Македонија е поддржана од Регионалниот совет за соработка и од германското министерство за економија и енергетика.

Самитот ќе овозможи видливост и регионален дијалог во текот на европската интеграција, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

– Покрај патишта, коридори и пруги, треба да иницираме и мостови на електронско поврзување. Дигитализацијата ќе овозможи низа нови можности, ќе минимизира бројни бариери и ќе ја олесни комуникацијата меѓу граѓаните, индустријата и бизнис-заедницата – рече Димитров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...