fbpx

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

-

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Бугарската министерка Захариева и денеска потврди дека Софија е подготвена да ја преземе одговорноста за блокадата на почетокот на преговорите со Северна Македонија, но посочи дека и Скопје треба да ја сноси одговорноста.

– Се обидуваме да водиме интензивни преговори, повеќе слушам што не треба да се направи, и јас сум согласна со Бујар дека имаме долг кон идните генерации и кон сегашните, ако нема вистинско помирување и чесно со дух на добра волја решение на отворените прашања, тоа помирување не е можно – изјави Захариева.

Македонскиот министер Бујар Османи се надева дека ќе биде послушан повикот за разум за надминување на отворените прашања меѓу Софија и Скопје, велејќи дека преговарачкиот процес за зачленување не е чисто бирократски, туку процес што се води од фундаменталните принципи на Европската унија, а тие принципи се за заедничката иднина, а не за минатото.

„Правата кои произлегуваат од правото на самоопределување се суверени права на државите и не се прашања што се регулираат во билатералните односи бидејќи државите сами одлучуваат како ќе го уредат внатрешното уредување и кои ќе бидат нивните идентитетски атрибути, или поточно, граѓаните, живите луѓе, ги искажуваат своите идентитетски атрибути“, рече Османи.

Инаку, германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска рече дека преговарачката рамка за Северна Македонија треба да биде одобрена од сите земји-членки на ЕУ. Тој се надева дека има решение кога станува збор за билатералниот проблем меѓу Бугарија и Северна Македонија, но овие прашања може да бидат решени само меѓу двете вклучени земји.

Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западен Балкан меѓу Северна Македонија и Бугарија е историски момент со огромна симболика, изјави Османи.

„Како круна на нашите напори, утре на Лидерскиот самит ќе биде лансиран новиот Акциски план за воспоставување на Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за Западниот Балкан, кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка. Тоа значи за прв пат формирање на заеднички пазар врз основа на ЕУ стандардите и критериумите на заедничкиот европски пазар“, дополни Османи.

Берлинскиот процес, започнат од германската канцеларка Ангела Меркел во 2014 година, има за цел да ја поддржи европската интеграција на земјите од Западен Балкан преку поголема економија и поврзаност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...