понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Екатерина Захариева | 36 резултати

Владата преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ ќе аплицира за нови грантови за пругата кон Бугарија

24 декември 2020

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) велат дека земјава до февруари 2021 година ќе аплицира за нови грантови на повикот на Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), меѓу кои и за железничкото поврзување со Бугарија, со што ќе се намали стапката на задолжување за овој капитален проект од инфраструктурата. Со ваквата иницијатива на македонската влада […]

Вистиномер: Фотографијата со наводната Захариева – студентка, е лажна

18 ноември 2020

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација, пишува „Вистиномер“. Пост објава на Фејсбук на страницата […]

Захариева: Може да ја одобриме преговарачката рамка за Албанија, но не и за С. Македонија

17 ноември 2020

Можеме да ја одобриме преговарачката рамка со Република Албанија, но Бугарија во оваа фаза не може да ја поддржи рамката за Северна Македонија, порача попладнево бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, по видео состанокот на Советот за општи работи на ЕУ. Иако Советот не може да донесе одлука во овој формат, односно може да […]

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

9 ноември 2020

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји. Бугарската министерка Захариева и денеска потврди […]

Заев побара од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да се однесува одговорно во однос на отворените прашања со Бугарија

14 октомври 2020

Откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во ТВ гостување изјави дека министерот за надворешни работи Бујар Османи од неговата бугарска колешка Екатерина Захариева добил ултиматум Северна Македонија да направи уставни измени, односно да се потпише договор меѓу земјава и Бугарија многу сличен на Преспанскиот договор со кој ќе се удоволи на бугарските претензии, премиерот […]

Заев: Можно е преговорите со ЕУ да не почнат во декември – предлозите од Софија се недобрососедски и неевропски

11 октомври 2020

Предлозите од бугарска страна по средбите во петокот во Софија на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи, според премиерот Зоран Заев, „ниту се добрососедство, ниту братско, најмалку европско“. Оваа оценка, која Заев ја изнесе по церемонијата на пуштање во работа на далноводот Неокази – Пробиштип, особено се однесува на разговорите на Османи со неговата […]

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

9 октомври 2020

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по […]

Еврокомесарот Вархеји утре во Скопје, Османи во петок на средба со Захариева во Софија

6 октомври 2020

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информираше за важните посети што ќе се одржат неделава, а се значајни за евроинтеграциските процеси на земјата. Тој ја најави утрешната посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Скопје, која доаѓа по денешното објавување на Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и економскиот пакет за Западен […]

Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на повеќе нивоа

4 септември 2020

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, информираат од МНР. „Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период. Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна […]

Захариева: Се надевам дека во март ќе има одлука за почеток на преговорите со ЕУ

10 март 2020

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Европскиот совет за надворешни односи канцеларија Софија, од 8 до 10 март го организираа третиот тинк тенк форум Западен Балкан со наслов „Стимулирање на стратешка автономија. Придонесот на Западен Балкан за заедничка европска иднина“. Форумот кој траеше три дена е дел од програмата на ко-претседателството на Македонија […]

Можната блокада од Софија за Скопје за во ЕУ отстранета – заканите остануваат

3 октомври 2019

Можноста од блокада за добивањето датум за преговори на Република Северна Македонија за пристапување во Европската унија, што ја одбележа неделата, е отстранета, но заканите од Софија за целиот процес на интеграција на земјата остануваат.  Ова е епилогот на една краткотрајна тензична ситуација која се создаде, се чини, со ништо предизвикана, а која е врзана […]

Захариева: Подобро е што Северна Македонија и Албанија не се разделени

20 јуни 2019

Ќе биде историска грешка ако преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија не почнат сега, но добро е што во моментот двете земји не се разделени, порача вчеравечер во изјава за бугарското радио „Хоризонт“ бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа ваквата порака ја упати спроти заседанието на […]

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

20 февруари 2019

Народното собрание на Република Бугарија утрово со 140 гласа „за“ и без воздржани и против го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваа претседателот на македонското собрание, Талат Џафери и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека политика на проширување на НАТО се […]

Захариева: Не беше лесно, но донесовме одлука добра за целиот регион

27 јуни 2018

Прв пат по 2015 година Советот на ЕУ синоќа донесе одлуки за проширување, кои значат огромен чекор за европската перспектива на Македонија и Албанија, изјави бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева, по состанокот во Луксембург на кој беше решено Скопје и Тирана да добијат условен датум за почеток на преговори за членство […]

Захариева: Наредната недела зелено светло за преговори на Македонија со ЕУ

18 јуни 2018

Вицепремиерката и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека по постигнатиот договор за името Северна Македонија, Советот за општи прашања на ЕУ со кој таа претседава, во почетокот на наредната недела би можел да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори со Скопје. – На состанокот на Советот ќе се расправа […]

Борисов и Захариева ги откажаа средбите со Иванов

14 јуни 2018

Бугарскиот премиер Бојко Борисов одбил да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во закажаниот термин утре претпладне, а средбата ја откажала и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со образложение дека бугарската влада не сака да биде вмешана во внатрешнополитичките дебати во Скопје, јави бугарската агенција „Фокус Њус“. Потегот следи откако […]

Захариева: Се надеваме дека името Северна Македонија не носи територијални претензии

13 јуни 2018

Се потпираме на гаранциите дека со името Република Северна Македонија нема територијални претензии, кои што ги дава Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порача денеска бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка, Екатерина Захариева. Давајќи изјава за новинарите пред почетокот на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, Захариева го поздрави чекорот […]

Могерини и Захариева оптимисти за датумот за преговори и за решение на спорот за името

16 февруари 2018

Високата преставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, се оптимисти дека во јуни Македонија и Албанија ќе добијат датум за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија. – Она што е многу важно за […]

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија стапи во сила

14 февруари 2018

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева, во присуство на премиерот Бојко Борисов, ги разменија ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила, информираа од МНР. – Мислам дека со овој пример, во кој […]

Димитров од утре во Бугарија на средби со Борисов, Радев и Захариева

13 февруари 2018

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. За време на посетата е предвидено тој да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. „Во рамки на билатералната средба со […]

Страна 1 од 2