fbpx

Шолц: Западен Балкан мора побрзо да влезе во ЕУ

„За мене нема сомнеж дека 20 години откако е ветено пристапувањето на овие земји, тоа наскоро мора и да се случи“ рече Шолц вчера во Тирана. Станува збор за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора

-

На самитот на земјите од Западен Балкан, германскиот канцелар Олаф Шолц уште една повика на што побрзо пристапување на шесте држави во Европската Унија, пишува германската новинска агенција ДПА. 

„За мене нема сомнеж дека 20 години откако е ветено пристапувањето на овие земји, тоа наскоро мора и да се случи“ рече Шолц вчера во Тирана. Станува збор за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Самитот испраќа силна порака за посветеноста на проширување на ЕУ, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. На земјите од регионот, според нејзините зборови, им треба поголем пристап во внатрешниот пазар на ЕУ, ама тоа бара реформи.

Секој кој е волен да преземе реформи ќе добие и средства од ЕУ за инвестиции.

„Нашата врата е отворена“, изјави фон дер Лајен.

Меѓутоа, тој нагласи дека мора и повеќе да се направи. Економиите на земјите на ЕУ и Западен Балкан сè уште се поприлично оддалечени.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја спомена временската рамка до 2030 година за зачленување на шесте земји во ЕУ.

Косовскиот премиер Албин Курти на самитот говореше за неодамнешниот напад на српските паравоени формации во северно Косово. Во борбите на 24 септември во местото Бањска загинаа еден косовски полицаец и тројца српски напаѓачи.

„На Косово сè уште му се заканува инвазија од Србија“, изјави Курти, според англиската верзија на говорот која ја пренесе кабинетот на премиерот во Приштина.

„Тој чин (напад) од нас бара да размислиме и да не продолжуваме едноставно како и до сега. Таквото однесување не смее да остане неказнето“, изјави Курти.

Албанскиот премиер Еди Рама предупреди на раздор како помеѓу земјите во ЕУ, така и на оние кои се надвор од неа.

„Треба да размислиме на алтернативни патишта за да се премостат постојните поделби“, изјави Рама.

Бидејќи до почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ и до влезот во Унијата има многу време, Рама предложи воведување на статус на набљудувач во ЕУ. Таквиот статус на земјата би можел да и даде некои поволности, но не и право на глас на состаноците на ЕУ.

„Тоа би го зајакнало политичкото единствено во рамките на демократска Европа и одговорноста на владите и управите во Западен Балкан“, изјави албанскиот премиер.

Самитот од Берлинскиот процес за првпат се одржува во една од државите во Западен Балкан, а целта на овој формат е приближување на овие држави кон ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...