Ковачевски се сретна со Шолц: Северна Македонија да го продолжи европскиот пат

Олаф ги поздрави досегашните македонски евроинтеграциски напори и даде подршка за преземање на потребните идни чекори

-

Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со канцеларот на Германија Олаф Шолц, во рамки на Самитот на лидери на Берлински процес кој се одржува во Тирана, информираат од владината прес-служба.

На средбата присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија и актуелните случувања во регионот. Премиерот го информираше Олаф околу сегашната состојба на пристапните преговори со Европската Унија.

Шолц ги поздрави досегашните чекори на Северна Македонија кон пристапувањето во ЕУ и даде силно охрабрување и поддршка за реализација на следните потребни чекори. Ковачевски истакна дека не смее да се пропушти оваа шанса дека гласот во парламентот за уставните измени е глас за европската иднина на државата.

Соговорниците се согласија дека забрзувањето на интегративниот процес е во политички интерес за целиот регион во однос на политичка, безбедносна и економска стабилност.

Инаку, Самитот на лидери на Берлински процес е годишна иницијатива започната во 2014 година засегната за проширувањето на ЕУ, конкретно за поранешните југословенски земји и Албанија.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...