fbpx

Пратениците да го промовираат Берлинскиот процес, бара Институтот за демократија

-

Најновата анкета на Институт за демократија покажа дека дури 80 отсто од граѓаните ја гледаат можноста за подолг период на работа во која било земја од Западен Балкан како атрактивна можност, а отворањето на границите меѓу земјите на Западен Балкан го сметаат за корисно 85 отсто од испитаниците. Освен тоа, можноста за користење на сопственото образование во сите земји на Западен Балкан позитивно ја гледаат 84 отсто од граѓаните. Затоа, сметаат во Институтот, пратениците треба поактивно да се вклучат во промовирање на придобивките од Берлинскиот процес, но и да спроведуваат континуиран надзор врз степенот на имплементација на заложбите од процесот.

„Засега не постојат воспоставени механизми за надзор за разгледување на дејствијата што ги презема владата и нема регионална поврзаност или платформи за споделување знаење околу истиот“, наведено е во соопштението од Институтот за демократија.

Оттаму потенцираат дека државите во регионот мораат да се поврзат преку соработка, како еден од приоритетните патишта кон заеднички напредок и приближување до ЕУ, а Берлинскиот процес е еден од клучните патокази на тој пат.

„Минатиот ноември, Владата на РСМ и владите на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово, во рамките на самитот на Берлински процес потпишаа три договори за меѓусебно признавање на лични карти, универзитетски дипломи и професионални квалификации. Речиси пет месеци по нивното потпишување, договорите се ратификувани само во две земји“, наведено е во реакцијата.

Институтот за демократија го поздравува усвојувањето на трите договори на 135 седница на Владата на С. Македонија на 14 март 2023 година.

„Како депозитар на трите меѓународни договори потпишани во рамки на Берлинскиот процес, ја повикуваме Владата што побрзо да ги поднесе во Собранието, а Собранието да изнајде сили што поскоро да ги стави на дневен ред за ратификација, со консензус. Посветеноста за подобрување на животот на граѓаните треба да се покаже на дело, особено во процеси кои зависат од проактивноста и ажурноста на државните институции“, потенцираат оттаму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...