fbpx

Ковачевски – Вучиќ – Рама: Отворен Балкан значи нови отворени можности, го развиваме регионот по европски стандарди

На средбата се разговарало за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“

-

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се сретна со српскиот претседател, Александар Вучиќ и албанскиот премиер, Еди Рама, во Бардолино, Италија, како дел од меѓународниот саем за вино „Винитали“ каде лидерите ќе учествуваат на презентациите на вината од трите земји, на заедничкиот штанд на Отворен Балкан, соопшти Владата.

На средбата се разговарало за имплементација на активностите во рамките на регионалната иницијатива Отворен Балкан, како и заедничкото учество на меѓународниот саем за вино „Винитали“, кој годинава се одржува по 55-ти пат.

На средбата било потенцирано дека од летово можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност.

„Правото на пристап до пазарите на труд во трите држави ќе се стекнува многу побрзо и поедноставно, со електронско издавање на Отворен Балкан идентификациски број и издаден единствен матичен број за странец од Министерство за внатрешни работи, по извршените соодветни проверки“, се вели во владиното соопштение.

Оттаму посочуваат дека оние што ќе добијат Отворен Балкан идентификациски број ќе имаат две години непречен престој и право да најдат работа.

На состанокот, исто така, било нагласено олеснувањето и забрзувањето на протокот на стоки и подобрувањето на трговската размена меѓу трите земји со воведувањето на зелените ленти на граничните премини.

„Беше поздравено и нагласено потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Северна Македонија и Србија за граничниот премин Табановце, со којшто се предвидува инфраструктурно проширување на бројот на сообраќајните ленти на преминот Табановце – Прешево“, соопшти Владата.

Во врска со граничниот премин на Северна Македонија со Албанија, Ќафасан, било истакнато дека се формирани работни групи кои ќе бараат решенија за целосна функционалност на „Оne Stop Shop“.

На состанокот се разговарало и за можни идни активности како Отворен Балкан – младински камп, саем за храна, филмски фестивал но и можноста за отворање на границите меѓу трите земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...