fbpx

Ковачевски-Рама: Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, ќе биде фатално да имаме враќање назад

-

Премиерите на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, денеска на заедничка прес-конференција ги повторија ставовите на владите на двете земји за проевропските политики, добрососедство и соработка која ќе придонесе за развој на целиот регион.

Премиерот Ковачевски неколку пати апелираше до опозицијата да не ги кочи европските процеси и истакна дека втората меѓувладина седница денеска беше посветена на конкретни решенија за актуелни прашања за граѓаните и за државите Република Северна Македонија и Република Албанија. Акцент беше ставен на ЕУ-аспирациите на двете земји.

„Патот кон ЕУ нема да биде лесен, ниту за Северна Македонија, ниту за Албанија, но на крајот е големата награда – да бидеме горди граѓани кои со крената глава ќе бидат жители на ЕУ, да бидеме побогати, да имаме подобар живот и просперитет. Македонското Собрание има капацитет да донесе одлука да се продолжи патот кон ЕУ. Знам дека сите 120 пратеници ќе донесат одлука со која ќе овозможат јасна визија дека земјата се движи кон полноправно членство во ЕУ, таму каде што припаѓа, а нема да го избере патот на изолација“, рече Ковачевски.

Албанскиот премиер Рама порача дека би било фатално да имаме враќање назад и да бидеме затворени во историјата.

„Тоа што е минато, треба да остане во минатото и не треба да има никаков проблем тоа што голем број малцинства се вклучени во вашиот Устав. Не треба да биде оставен никој надвор од Уставот“, рече Рама.

Премиерот Ковачевски му се заблагодари на премиерот Еди Рама и за безрезервната поддршка што Република Северна Македонија ја доби од Албанија во процесот за НАТО-интеграциите.

На заеднчката прес-конференција ѝ претходеше меѓувладина седница на која беа потпишани повеќе договори и меморандуми за унапредување на билатералната соработка во делот на евроинтегративниот процес, одбрана, безбедност, инфраструктура, енергетика, култура, борба против меѓународен криминал, железничко поврзување на двете држави, стандардизација на услугите во сферата на дигиталната технологија, меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро, за соработка во областа на јавните финансии, развој на претприемништво и друго.

Премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека освен финализирањето на 21 акт кои се договорени низ интензивна соработка помеѓу двете влади се договорени предложени инцијативи од првиот заменик претседател на Владата Артан Груби и кои се однесуваат на изградба на патна инфраструктура односно Коридорот 8, изградба на едно суво пристаниште во Струга и отворање на еден нов граничен премин Поградец-Струга, посочувајќи дека станува збор за стратешки проекти за двете земји.

„Мене ми е многу мило што со Северна Македонија поставивме добри и силни основи за да изградиме заедничка иднина која што треба да биде иднина во взаемно почитување на човековите права и слободи, но и една здрава иднина за другите генерации“, рече Рама.

Ковачевски истакна и дека заеднички интерес на двете земји е и да се спречат обидите од трети страни да го вовлечат Западен Балкан во нови изолации и тензии и други непосакувани сценарија кои ги загрозуваат демократските придобивки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...