fbpx

Ракетата на Спејс Икс ги лансираше сателитите Албанија 1 и Албанија 2

-

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека сателитите Албанија 1 и Албанија 2 биле лансирани во вселената вчера од базата Кејп Канаверал на Флорида.

Тој на својот Фејсбук профил сподели видео од моментот на лансирање.

„И тоа бидна, речено, сторено. Од базата Кејп Канаверал во Флорида, САД, штотуку е лансирана ракетата Фалкон 9, преку заедничката мисија со Спејс Икс, Транспортер 6 што ги носи нашите два сателити во вселената, Албанија 1 и Албанија 2“, рече Рама.

Тој додаде дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити територијата.

Рама овој потег, како што пренесе ТВ Клан Албанија, го најави во октомври 2021 година кога од собраниската говорница рече дека ќе лансира сателити во орбитата за да се контролира територијата на земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...