fbpx
Таг: почеток на преговорите

таг: почеток на преговорите

Вархеји и Заев на Економскиот форум во Тирана со свои согледувања за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји на Економскиот форум во Тирана изјави дека за Албанија се исполнети сите услови за почеток на преговорите со ЕУ, додека на Северна Македонија ѝ порача дека е важно брзо да најде заедничко прифатливо решение за билатералните прашања со Бугарија. „Комисијата смета дека за првата меѓувладина конференција со Албанија за почеток на...

Меркел разговарала со Борисов, очекува во блиска иднина да се реши прашањето за пристапните преговори со ЕУ на земјава

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговори на прашањето на Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на Германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено. Крихбаум изјави дека уште еднаш земја-членка на ЕУ ја злоупотребила својата позиција против земја-кандидат со наметнување...

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални прашања да го запрат напредокот на Северна Македонија

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер повторно даде изјава дека Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите. Во рамките на своето учество на интернет-форумот „Да се биде безбеден“ (2БС)“ што го организираше Атлантскиот сојуз на Црна Гора, Рикер говореше и за последниот развој на...

Вицепремиерот Димитров за австриски „Стандард“: Нашиот јазик е наша работа

Вицепремиерот и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за австрискиот дневен весник „Стандард“ (Der Standard) коментирајќи го бугарското вето за почетните преговори на ЕУ и Северна Македонија вели дека, ако не може да се „одблокира бугарското вето“ треба да се работи на постигнување на ЕУ страндардите и надвор од пристапниот процес. Во однос на самото вето,...

Скопје и Софија заеднички ко-претседаваат со Берлинскиот процес, но Бугарија не попушта за блокадата

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева денеска беа домаќини на состанокот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес за Западен Балкан. По настанот што му претходеше на утрешниот Лидерски самит, нема новини во надминувањето на отворените прашања меѓу двете земји. Бугарската министерка Захариева и денеска потврди дека Софија е подготвена да...

Анкета на МЦМС и Телма: Мнозинството граѓани веруваат дека Владата нема да попушти пред притисокот од Бугарија

Мнозинство од граѓаните веруваат дека нашата влада нема да попушти пред притисокот од соседна Бугарија. Вкупно 54,7 отсто воопшто или до некаде не се согласуваат со изјавата дека Владата на РСМ ќе се согласи со сè што ќе побара Бугарија, а малку повеќе од третина (37,4 отсто) рекле дека целосно или до некаде се согласуваат со таа изјава. Ова...

Заев: Бугарија ја блокираше првата фаза во усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија

На состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, денеска е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија и ја имаме првата блокада, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање. Ова, објасни Заев, значи дека е блокирана првата фаза во усвојувањето на преговарачката рамка на Северна Македонија за пристапување во ЕУ. Според Заев, тоа не значи...

Заев се надева на решение на односите со Бугарија, но не одговори конкретно како

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска имаа онлајн состаноци со највисоките претставници на институциите на ЕУ, односно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел, со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји и со претседателот на европскиот парламент...

Нема „план Б“ на патот за членство во ЕУ, изјави Заев

Не сакам да разговарам за „план Б“, мора да успееме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, дали државата има „план Б“, ако во декември не започнат преговорите за членство со ЕУ. Тој додаде дека како премиер никогаш во Владата не разработувале „план Б“, бидејќи во тој случај би се откажале од „план А“. Во однос на недоразбирањата со Бугарија и...

Порталб: Опасноста од вето од Бугарија постои веќе една година, ЕУ треба да интервенира за да се реши спорот

Опасноста од блокада на членството на Северна Македонија во ЕУ од Бугарија постои веќе една година, а Европската Унија треба да интервенира во решавањето на оваа проблематика. Двете соседни земји немаат потреба за недоразбирања и ова прашање може да се реши само со посредство на европските претставници, велат експерти за европски и политички прашања за „Порталб.мк“. Малинка Ристевска Јорданова од...

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не...

Маричиќ: Се додека одиме според планот, првата меѓувладина конференција ќе ја имаме на есен или на крајот на 2020

Граѓаните треба да знаат дека процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ и нејзините земји-членки ќе биде тежок, но успешен и нашата земја ќе го заврши тој процес како земја-членка на Европската унија, вели Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграција во ЕУ и главен преговарач за технички прашања во ексклузивно интервју за „Порталб.мк“. Владата ќе закаже меѓувладина седница, за...

Одложена седницата на Европскиот Совет на која требаше да се одлучува за преговорите со Македонија

Членовите на Европскиот Совет одржаа видео-конференција и одлучија да го одложат одржувањето на состанокот на Европскиот Совет, којшто беше закажан за 26 и 27 март, јавуваат светските медиуми. Причина за одложувањето е актуелната состојба со корона вирусот. На овој решавачки состанок на Европскиот совет требаше да се донесе одлука за почеток на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ. Освен...

Османи пред Могерини: Продолжуваме со борбата против криминалот и корупцијата

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија, порачал дека владата на Северна Македонија нема да прави отстапки во борбата против криминалот и корупција. Тој истовремено изразил увереност дека за 30 дена отсега земјава ќе добие датум за почеток на преговорите со...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...