Извор на фотографија: Влада на РСМ

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговори на прашањето на Претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум во врска со неуспехот на Германското претседателство со ЕУ да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија до крајот на годинава, како што беше ветено.

Крихбаум изјави дека уште еднаш земја-членка на ЕУ ја злоупотребила својата позиција против земја-кандидат со наметнување на билатерални прашања. Притоа, тој постави прашање до канцеларката Меркел како ги оценува шансите во блиска иднина да се надмине блокадата со Бугарија.

Ангела Меркел во кус одговор, што го пренесува Дојче Веле сервисот на македонски јазик, одговорила:

„Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина“, рекла Меркел.