fbpx

Заев се надева на решение на односите со Бугарија, но не одговори конкретно како

-

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска имаа онлајн состаноци со највисоките претставници на институциите на ЕУ, односно со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со високиот претставник и потпретседател на Европската комисија, Жозеф Борел, со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји и со претседателот на европскиот парламент Дејвид Сасоли.

Премиерот Заев на прес-конференција истакна дека одлуката на Советот од март оваа година да се отпочнат преговори за членство со Северна Македонија во ЕУ потврдува дека ЕУ е строго определена, ништо да не го попречи процесот на проширувањето, без разлика што Европа и светот се соочуваат со пандемијата од ковид-19.

„Во разговорите со сите наши соговорници изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија ќе се формализира и со усвојување на рамката за преговори на почетокот на идниот месец, по што ќе следува и првата Меѓувладина конференција до крајот на годината. Заклучивме дека е вложено многу од двете страни, остварено е исто така многу и ние сме подготвени со преговорите по поглавјата, целосно и безусловно да ја исполниме нашата ЕУ-агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања затоа што остварувањето на нашата следна стратешка цел, членство во ЕУ е наша свечена обврска. Нашата земја останува посветена на негување на добрососедските односи со континуирана имплементација на Договорот од Преспа и на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија кои донесоа нова енергија и придонесоа за обновување на интензитетот за проширување на ЕУ со земјите од регионот. На европските пријатели им пренесов дека со Бугарија имаме заедничка обврска и должност да ги подобруваме добрососедските односи и тоа го правиме. Меѓусебната соработка треба да расте, да градиме пријателство, и да ги почитуваме правото на самоопределување и самоидентификација како темелни европски вредности,“ рече Заев.

Премиерот не одговори конкретно на кој начин ќе се разубеди Бугарија да не нè блокира на патот кон членството во ЕУ, освен што ќе се направи сè, за да се изнајде решение, а тоа ќе биде препуштено на Мешовитата комисија која ги решава историските прашања, која ги решила прашањата за пет историски личности и три историски периоди.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, прашан дали државата ќе одговори на провокациите од страна на бугарскиот министер за одбарана Красимир Каракачанов, одговори дека „не треба да бидеме дел на политичкиот предизборен дискурс во Бугарија, за реакциите да се искористат за предизборен период.“

„Не им служи на добрососедските односи,“ додаде Османи.

Европската унија пак, повтори Заев, прашањата помеѓу Македонија и Бугарија ги смета за билатерални.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...