fbpx

Одбележана 75. годишнината на библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп

-

Со поклон и свежи цвеќиња, ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ од Прилеп, денеска скромно го одбележа својот 75 годишен јубилеј. Вработените од библиотеката се поклонија пред спомен бистата на својот патрон и пред куќата каде што е роден и дејствувал народниот херој Борка Талески, како и пред спомениците на истакнатите македонски културни дејци, кои потекнуваат од Прилеп: Марко Цепенков, Блаже Конески, Круме Кепески.

Посебна почит му е оддадена на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, за заложбите во градење на македонскиот културен идентитет.

„Оддавајќи им почит на великаните, оддаваме почит кон делото на сите наши претходници кои во изминативе 75 години посветено го чувале, негувале, граделе и ни го пренеле нам културното наследство, за да го збогатуваме и предадеме одговорно на генерациите по нас. Бидејќи од една мала библиотека со околу 1.000 книги и неколку списанија за овие 75 години, генерациите кои работеле во установата, вклучувајќи нè и нас 18-те вработени, создале библиотечен фонд од над 130.000 единици, со вредност од над 25 милиони денари. Располагаме со роднокрајна поставка од преку 3.000 и раритетна поставка од над 1.000 наслови“ велат од прилепската библиотека, додавајќи дека во неа членуваат над 10.000 луѓе.

Инаку освен во Прилеп, библиотеката има два клона во населбата Варош и населеното место Тополчани, но поради кадровска неекипираност и недостиг на средства за нови инвестиции тие не се во функција.

Сите планирани активности за годинешниот јубилеј ќе бидат одложени за следната година, на лето, кога на разни сцени во центарот на градот, во амфитеатри, во населбата Варош, на Могилата на непобедените ќе се промовира монографијата „75 години од основањето на ЈОУ Градска библиотека Борка Талески“, „Зборник на творби од прилепски автори“, монографијата „Библиотекарството во Прилеп, историски развој“, како и промоции на дела од прилепски автори, изложби на раритетни поставки, на дела од сопствената продукција, конкурси, натпревари, матинеа, ораторски вечери, поетски вечери и др. настани кои значат приближување на книгата, книжевноста и библиотеката воопшто до сите граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...