fbpx

Рикер: ЕУ не треба да дозволи билатерални прашања да го запрат напредокот на Северна Македонија

-

Помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер повторно даде изјава дека Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Северна Македонија во интеграциите. Во рамките на своето учество на интернет-форумот „Да се биде безбеден“ (2БС)“ што го организираше Атлантскиот сојуз на Црна Гора, Рикер говореше и за последниот развој на состојбата, откако Бугарија стави вето на почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија.

„Сметаме дека ЕУ не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок во интеграциите. Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса“, вели помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

Рикер кажа дека Северна Македонија и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.

Кога станува збор за Србија и Косово, тој вели дека статус-квото е неодржливо, додавајќи дека договорот потпишан од Белград и Приштина во Белата куќа на 4 септември е пример за лидерство какво што му треба на регионот.

На прашањето како САД ќе ја вратат довербата во регионот, Рикер одговори дека Соединетите Американски Држави и ЕУ имаат заедничка визија за Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...