fbpx

Нема „план Б“ на патот за членство во ЕУ, изјави Заев

-

Не сакам да разговарам за „план Б“, мора да успееме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, дали државата има „план Б“, ако во декември не започнат преговорите за членство со ЕУ.

Тој додаде дека како премиер никогаш во Владата не разработувале „план Б“, бидејќи во тој случај би се откажале од „план А“.

Во однос на недоразбирањата со Бугарија и можноста од блокади, Заев верува дека постојат решенија за прашањата кои се предизвик.

Тој изјави дека верува оти Македонско-бугарската мешовита комисија за историски прашање која заседава, ќе успее да најде решение.

– Ние сме меѓусебно историски поврзани како регион и таа врска од минатото треба да нѐ направи пријатели, а не да нѐ разделува. Претстои период на објавување позитивни информации – додаде Заев.

Тој потенцира дека има доволно време да се разгледаат и другите отворени политички прашања, со цел на вземно задоволство да продолжат процесите на евроинтеграција на земјава со одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ во декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...