fbpx

Османи пред Могерини: Продолжуваме со борбата против криминалот и корупцијата

-

Вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба во Брисел со Федерика Могерини, Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската Комисија, порачал дека владата на Северна Македонија нема да прави отстапки во борбата против криминалот и корупција.

Тој истовремено изразил увереност дека за 30 дена отсега земјава ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, со што процесот за проширување се враќа во врвот на приоритетите на ЕУ.

– Се наоѓаме буквално на 30 дена од големата одлука за старт на преговорите, со што ќе се стави точка на заедничките напори изминативе две и пол години, за враќање на европската агенда во Република Северна Македонија, како и враќање на процесот на проширување високо на агендата на Унијата – порачал Османи, се дознава од сооопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Тој истовремено ја изразил, како што се вели, непоколебливата намера на владата на Северна Македонија да се бори против криминалот и корупцијата.

-Без разлика што не претставува формален услов за одлуката во октомври, владеењето на правото останува наш постојан бенчмарк за кој ве уверувам дека нема да има никакви отстапки, ниту од аспект на институционалната поставеност за борбата против криминалот и корупцијата, ниту по основ на континуираниот ‘трек – рекорд’, во спроведувањето на владеењето на правото – порачал Османи.

Во рамките на посетата на Брисел, Османи ќе се сретне и со други функционери од Европската Комисија, а од Брисел, ќе патува во Берлин и потоа во Варшава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...