fbpx

Борисов: Историјата да биде мост на пријателство, а не скршен мост по кој Македонија не може да премине

-

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија оствари средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов и со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Борисов порача дека од Бугарија сме имале и ќе имаме најголема поддршка и треба да направиме така, историјата да биде мост на пријателство и блискост, а не скршен мост по кој Северна Македонија не може да помине.

„Перспективата и моментот е толку важен во германското претседателство да се почне процедурата, меѓувладината седница, според мене ќе е грев пред историјата сегашните политички раководства во Бугарија и Северна Македонија да не најдат компромис. И нема да нè сфати ниту светот“, изјави премиерот Борисов на средбата со министерот Османи.

Тој дополни дека уште од денешната средба треба да започнат разговорите на сите нивоа, за да може да има компромисно решение што ќе ги задоволи сите страни до 10 ноември, кога Бугарија и Македонија како ко-претседавачи на Берлинскиот процес ќе раководат со претстојниот Самит.

На средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи, Османи и Захариева го најавија конкретниот датум на средбата (15 и 16 октомври) на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на двете земји.

„Сега е неопходно од страна на Република Северна Македонија да се признаат историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет“, рече Захариева.

Министерот Бугар Османи изјави дека имаме Договор за пријателство кој нѐ обврзува и на политичка и на експертска соработка.

„Само преку отворен, искрен и позитивен пристап во соочувањето на историските факти со денешната реалност, ние можеме да ги надминеме разликите и да ги идентификуваме заедничките точки кои нѐ поврзуваат“, посочи Османи.

Од Софија тој истакна дека за само неколку дена почнува серијата Министерски средби за внатрешни работи, за здравство, за економија, кои очекува да вродат со плод и бидат крунисани со исклучително успешен самит во Софија на 10 ноември.

„Самит кој по самата природа е историски, затоа што за прв пат го претседаваат земја – членка на ЕУ, Бугарија, и земја кандидат за членство во ЕУ – Северна Македонија“, истакна Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...