Ковачевски: Со фотонапонската електрана „Осломеј“ до енергетска независност преку обновливи извори на енергија

-

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска присуствуваа на завршувањето на градбата на фотоволтаична електрана „Осломеј“, каде започна тест период на целосно монтираната опрема.

„Целта на Владата заедно со институциите и партнерите е да станеме земја која од европски доминантно застапените фосилни енергенси, се насочува кон енергетски капацитети кои ќе го користат сонцето што го имаме во изобилство во текот на целата година, како и ветерот, водата и гасот. Затоа со задоволство ја прифатив поканата, денеска да присуствувам на отпочнувањето на тест периодот на монтираната опрема на фотонапонска електрана од 10 мегавати во сопственост на ЕСМ, изградена на поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека на местото на некогашен загадувач на животната средина, веќе имаме капацитет кој е подготвен од сонцето да произведува чиста и зелена енергија.

Ковачевски истакна дека придобивките од оваа инвестиција, која се реализираше со кредит од Европската банка за обнова и развој, се повеќекратни и дека Владата покажува вистинска грижа кон животната средина.

„Освен што со годишното производство од оваа нова фотоволтаична електрана од 15 до 17 гигават-часови ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина”, потенцираше премиерот Ковачевски и најави дека процедурата за изградба на Чебрен е во втора фаза, со што најважниот проект за енергетската транзиција на земјата конечно ќе дојде до фаза на реализација.

„Во време на криза, преземаме храбри чекори и инвестициски проекти кои го трансформираат енергетскиот систем и кои се насочени кон користење на обновливи извори на енергија, енергетска независност и заштита на животната средина”, рече премиерот Ковачевски.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за десетина години целосно ќе преминеме кон производство на електрична енергија од обновливи извори, односно дека ќе се прекине со производство од јаглен.

„Како што е наведено и во Стратегијата за развој на енергетиката што беше усвоена од Владата во 2019 година, и истата овозможува флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ, што води кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година“, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски изјави дека ова е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија, во регионот.

„Со гордост можеме да соопштиме дека фотонапонската електрана Осломеј 1 веќе ги дава своите први киловати електрична енергија во системот и со задоволство можеме да констатираме дека АД ЕСМ и официјално го прошири своето портфолио на обновливи извори, и сега покрај енергија од ветер произведуваме и електрична енергија од сонце“, подвлече директорот на ЕСМ Ковачевски.

Договорите од една страна се потпишани од ЕСМ, како јавен партнер и од друга страна со „Фортис Енерџи“ од Турција во едната електрана, а со „Солар про“ од Бугарија во другата. Приватните партнери на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавното приватно партнерство во износ соодветен на 18 отсто и 18,50 отсто од произведената електрична енергија за час. Од овие инвестиции државата се очекува да заработува околу 1,5 милиони евра годишно.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...