понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: реформи | 791 резултати

ЕУ ја одобри првата исплата на средства за Македонија, наменети за реформи

септември 1, 2025

Европската Унија стави на располагање средства од околу 2.3 милиони евра како неповратна помош и околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и околу 3.7 милиони евра заем наменет за директна буџетска поддршка. Ова е прва исплата за земјава, во рамките на Инструментот за реформи и […]

Министерот за здравство Азир Алиу најави системски реформи во секторот

јуни 15, 2025

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес конференција најави реформирање на здравството. Иако критикуван дека на чело на оваа институција не доаѓа од лекарската фела, новиот министер посочи дека тој треба да е менаџер кој ќе обезбеди систем за успешна работа на сите лекари, со добри инструменти и со отчетност кон граѓаните, а не […]

Кошта: Клучно е да продолжите со реформите и да инвестирате во владеење на правото

мај 15, 2025

Северна Македонија заврши многу работа и затоа треба да останете на тој правец. Пристапниот процес е повеќе маратон, а не брза трка, тој е напорен, понекогаш може да фрустрира, како што се случило и со сите претходни кандидати. Сите тие ја постигнаа целта, а секако и вие ќе ја постигнете целта, но со вашата решеност, […]

Худолин: Средствата од Планот за раст се префрлаат по спроведувањето на реформите, а не однапред

мај 13, 2025

Во рамки на Планот за раст на ЕУ, за Северна Македонија се планирани 750 милиони евра, наменети за спроведување на реформи. Сепак, во јавноста постоеја многу прашања во врска со тоа како ќе се користат овие средства. За да се разјаснат многу од овие дилеми, Порталб.мк разговараше со шефот на одделот за соработка во Делегацијата […]

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

мај 2, 2025

Во најновиот извештај на „Репортери без граници“ (RSF), Македонија бележи пад од шест позиции на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 година и се рангира на 42 место. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) смета дека ова е јасен сигнал до институциите дека се неопходни итни и координирани реформи за зајакнување на медиумскиот […]

Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

октомври 3, 2024

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда, информира Министерството за правда. Оттаму велат дека амбасадорот Риголер ги поздравил плановите на министерот за реформи и изразил подготвеност Франција да помогне во сите […]

Лесли Милер: Во РСМ има образовна криза, слабите резултати се итен повик за акција

септември 11, 2024

Почетокот на новата учебна година е совршен момент да размислиме за состојбата на нашиот образовен систем и за итната потреба да одговориме на тековната криза со учењето. Со оглед на слабите резултати на последното ПИСА тестирање (75 отсто од 15 годишните ученици во земјата имаат ниски резултати по читање, а 66 отсто покажуваат ниски резултати […]

Министрите за внатрешни и за дигитална трансформација ветуваат дигитализација на личните документи

јули 19, 2024

Министерите за внатрешни работи Панче Тошковски и за дигитална трансформација Стефан Андоновски ветија дигитализација на услугите на МВР, мислејќи на процесот на издавање на лични документи кој сè уште функционира прилично отежнато. Како што соопшти МВР, фокусот на средбата бил кон „подобрување на постојните и креирање на нови електронски услуги од делокругот на работа на […]

ЕУ ни го чисти ѓубрето од нелегалните депонии во општините во Источна Македонија

февруари 15, 2024

Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во […]

Ковачевски е директно одговорен за владеење на правото

јануари 17, 2024

Премиерот Димитар Ковачевски целосно се амнестира од одговорноста за владеење на правото што е необјасниво и недоследно. Ако некој е прв во редот на одговорните, покрај другите во државата, тогаш тоа е и претседател на влада, кој е задолжен исто така како и други чинители, за владеење на законите и почитување на правото, пишува Вистиномер. […]

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

јануари 12, 2024

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето […]

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

јануари 12, 2024

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од парламентот во септември 2021 година. Предлозите доаѓаат од ДУИ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ […]

Белгиското претседателство: Искуството на преден план

декември 31, 2023

Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, […]

Тендерот пропадна, Битола ќе почека за пречистителна станица за отпадни води

ноември 16, 2023

Пропадна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола, кој беше распишан пред една година и требаше да отпочне да се изведува годинава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека компаниите кои учествувале на тендерот доставиле понуди кои биле над проектираниот буџет. Инаку, проектот за изведба […]

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

ноември 13, 2023

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со […]

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

ноември 12, 2023

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за […]

Посетата на фон дер Лајен – реплика на пораките од Тирана

октомври 31, 2023

Станува веќе традиција пред објавувањето на годишниот пакет за проширувањето претседателката на Комисијата да го обиколи регионот на Западниот Балкан. Оваа година тоа се случува непосредно по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Она што оваа есен како „крупен залак“ го носи во регионот највисоката претставничка на Европската комисија е новиот План за […]

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

октомври 16, 2023

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги – Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол […]

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

септември 13, 2023

Од утре почнуваат со примена измените во Кривичниот законик (КЗ), кои беа изгласани во Собранието за експресно време, по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна дебата. Со измените, меѓу другото, се предвидуваат пониски казни за дела поврзани со злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Обвинителите, судиите, адвокатите, сè […]

Веројатноста за проширување на ЕУ до 2030 е мала

септември 10, 2023

Говорот на претседателот на ЕУ Шарл Мишел на Бледскиот стратешки форум повторно ја разбранува веќе разочараната јавност во Западниот Балкан, откако кажа дека и „двете страни“ до 2030 година мора да бидат подготвени за проширување. Додуша, не ја дефинираше втората страна – дали сите кандидати, сите потенцијални кандидати, дали Западен Балкан или и источно соседство. […]

Страна 1 од 40