среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: реформи | 791 резултати

Средба на вицепремиерот Бесими со заменик-министерката за надворешни работи на Холандија

октомври 29, 2015

Холандија е еден од најголемите поддржувачи на Македонија за членство во евроатлантските структури, но клучно е земјава да продолжи да испорачува мерливи резултати во спроведување на реформите во соодветните области, било истакнато на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, со заменик-министерката за надворешни работи на Кралството Холандија, Рене Џоунс Бос. Во […]

Мехмети: Или реформи во ДУИ, или станувам независен пратеник

октомври 15, 2015

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, не ја исклучува можноста да ја напушти матичната партија, иако тврди дека такво нешто не спомнала. Шпекулациите се засилија откако медиумите на албански јазик објавија дека таа ја напушта својата матична партија и ќе дејствува како независен пратеник. Вчера на својот фејсбук-профил, изразувајќи го своето незадоволство, Мехмети напиша: „Ниту една политичка функција […]

Камерон: Разговорите за реформи на ЕУ се „крваво тешка работа“

октомври 4, 2015

Британскиот премиер, Дејвид Камерон, рекол дека преговорите на Велика Британија со Европската унија за реформите ќе бидат „крваво тешка работа“. Тој повторно ја отфрли идејата Велика Британија да остане во рамките на европската заедница и ја потврди намерата да организира референдум за напуштање на ЕУ. – Мирно и рационално се обидувам да ги убедам европските соработници […]

Анкета: Стагнираме или назадуваме на патот кон ЕУ

септември 25, 2015

Поддршката на граѓаните за членство во Европска унија е непроменета од март 2014 година, покажува новото теренско истражување на јавното мислење за ЕУ-интеграцијата на Македонија, спроведено о д Институтот за демократија „Социетас цивилис“. Сепак, како што пишува во извештајот, факторот „промена на името“ на државата кај значителен дел од граѓаните е влијателен при нивната поддршка […]

„Средношколски пленум“: И оваа година ќе се бориме против лошите реформи

септември 1, 2015

Неколку стотини средношколци се собраа на првиот школски ден пред Министерството за образование и наука, во Паркот на новинарите, да дискутираат за нивните идни планови и стратегии во борбата против, како што велат, лошите реформи во образованието. Од „Средношколски планум“ велат дека нивните активности ги планирале преку целото лето и дека веднаш ќе ги постават […]

Медиумите тема на преговорите на работните групи од 2 септември

август 26, 2015

Реформите во медиумите од 2 септември ќе се најдат на преговарачка маса на работните групи составени од претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, пишува „Вест“, повикувајќи се на неофицијални информации од свои извори. Според информациите на „Вест“, во преговорите за реформи во медиумскиот простор ќе бидат вклучени и Здружението на новинари на […]

Владата на Ципрас тврди дека новиот меморандум е поповолен од тие на Нова демократија и на ПАСОК

август 11, 2015

Грчката влада тврди дека новиот договор е помалку болен од претходните два меморандуми за штедење. Владата на Алексис Ципрас се подготвува новиот договор да го испрати во Собранието за да добие зелено светло од грчките пратеници. Оцените се дека договорот е за нијанса подобар од претходните меморандуми на владите на Нова демократија и на ПАСОК бидејќи […]

Иванов и Груевски најавија реформи во безбедносните служби

август 3, 2015

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и премиерот Никола Груевски, вчера во своите обраќања по повод 2 Август – Денот на Републиката, меѓу другото најавија и „реформи“ и „зајакнувања“ во безбедносните и во одбранбените служби. Претседателот и врховен командант, осврнувајќи се на случувањата во Куманово од 9 мај и на мигрантската криза, истакна дека овие околности […]

„Тројката“ повторно во Атина

јули 28, 2015

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на европските институции се вратија во Атина и од изутринава веќе ги чешлаат државните институции со барања за спроведување реформи за подобра функционалност на државата и за намалување на државните трошоци. Под силно полициско присуство, 45 функционери и чиновници на пониско ниво се среќаваат со нивните колеги за да […]

Хан: Договорот од Пржино мора да се спроведе во целост и без одложување

јули 25, 2015

„Дозволете да бидам кристално јасен: Европската унија (ЕУ) не посредуваше за краткорочен договор за стабилизација. Нашата цел е да ѝ помогнеме на земјата на нејзиниот евроатлантски пат и во зацврстувањето на демократијата, отворенотo општество и на владеењето преку избори и одржливи реформи“, пишува еврокомесарот Јоханес Хан во напис објавен на неговиот блог, посветен на Договорот […]

Прв состанок на работната група за Договорот од Пржино

јули 20, 2015

Денеска попладне работна група составена од двајца членови од секоја од најголемите партии, ќе ја има првата средба за спроведување на Договорот од Пржино. На оваа средба би требало да се договорат нечелата и принципите по кои ќе се работи, а белгискиот посредник Питер Ванхут ќе биде координатор на комисијата. Во комисијата ќе членуваат по двајца […]

ММФ: Владата на Ципрас е одговорна за бавните реформи

јули 2, 2015

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) смета дека на Грција ќе ѝ биде потребна помош од 50 милијарди евра во новиот круг финансиска помош од крајот на октомри годинава, па сè до 2018 година. ММФ денеска соопшти дека Атина била бавна во усвојувањето на економските реформи, а за тоа е виновна актуелната влада на Алексис Ципрас. Минатата […]

САД ја продолжуваат воената помош за Бахреин

јуни 30, 2015

Соединетите Американски Држави (САД) ќе продолжат со воената помош за Бахреин, соопштиле претставници на властите во Вашингтон, јавува „Би-Би-Си“. Безбедносната соработка трае од 2011 година, кога заливската држава успеа да ја задуши Арапската пролет во земјата и да ги прекине масовните протести на шиитската заедница. Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, изјавил дека во Бахреин […]

Измените во законите за основно и за средно образование пред Уставен суд

јуни 24, 2015

„Средношколски пленум“ и „Наставнички пленум“ реагираа на измените донесени во законите за средно и за основно образование, кои ги нарекоа неуставни, за што ќе поднесат претставки од Уставниот суд. – Образованието е процес, а не проект. Со донесување законски решенија по скратена постапка или во три часот по полноќ, далеку од очите на јавноста, без никаква јавна расправа […]

Груевски, Шилегов и ДУИ ги поздравија, но различно ги читаат заклучоците на ЕУ

јуни 23, 2015

Политичките партии се задоволни од заклучоците што денеска ги донесе Советот на ЕУ. Од СДСМ велат дека се подготвени да ги почитуваат ако се постигне договор за преодна влада од која Никола Груевски нема да биде дел. Премиерот Груевски, пак, кој ги поздрави заклучоците на својот фејсбук-профил, вели дека ќе продолжат со подигнување на стандардите во […]

Историски самит на ЕУ за иднината на Грција

јуни 22, 2015

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска има средба со судбината во Брисел. „Ден Д“ за Грција, договор или нова финансиска неизвесност и можен банкрот е дилемата со која Ципрас ќе се соочи вечерва на вонредниот самит на Европската унија. Грчкиот премиер е веќе во белгиската престолнина, со доставени нови предлози и реформи до европските кредитори, кои […]

Хан задоволен од лидерската средба и ги објави приоритетните реформи во земјата

јуни 20, 2015

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, преку соопштение го поздрави исходот од лидерската средба што се одржа вчера во Скопје, во присуство на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли. Во соопштението уште еднаш се повторува изјавата што четворицата лидери им ја поделија на новинарите по состанокот. Во изјавата се вели: „Ние, лидерите […]

ЕУ со негативни реакции за новите грчки предлози

јуни 9, 2015

Грција преживува нови моменти на неизвесност со шпекулациите дека европските партнери не ги гледаат новите грчки предлози за реформи како конструктивни и одржливи. Владата на Алексис Ципрас вчера достави нова листа предлози до европските институции, како дополнување на претходните. Светските медиуми јавуваат дека првите неофицијални реакции од Европската комисија за листата не се воопшто позитивни, […]

Меркел подготвена на отстапки во интерес на останувањето на Велика Британија во ЕУ

јуни 5, 2015

Челниците на Европската унија можеби ќе мораат да разговараат за измени на договорите за да се спроведат реформите што ги бара Велика Британија пред одржувањето на референдумот за останување или излегување од ЕУ, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во интервју за „Би-Би-Си“. „Ако тоа навистина е потребно, ќе мораме да размислиме“, вели Меркел во одговор на прашањето […]

До 20 април Грција мора да подготви список на прифатливи реформи

април 12, 2015

До 20 април, Грција има рок од европските партнери да подготви список на прифатливи реформи во замена за последната транша што ќе биде испратена преку програмата за меѓународна помош, пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Според весникот, овој датум е единствената можност за кредиторите на Грција да имаат време да ги разгледаат предлозите за реформи на […]

Страна 39 од 40