За една недела матичните лекари препишале 5.400 рецепти за хронична терапија

„Со новините се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење“, велат во Министерството за здравство

-

За една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Ова е дел од новините во примарната здравствена заштита, со која се овозможува терапијата која досега ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари.

„Станува збор за суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници. За тоа е усвоен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење“, велат во Министерството за здравство.

Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока.

„Со ова ќе се зајакне улогата и важноста на матичните лекари во здравствениот систем, а и ќе се олесни административниот товар и ќе се намали притисокот врз секундарното и терциерното здравство“, наведено е во соопштението на министерството.

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат функцијата со...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Мицкоски нема време за губење, ама ќе го чека Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ наредната година за да им се заблагодари на оние кои, според него, „забегале“ и не ја извршуваат...