fbpx

Терапија за астма, дијабетес и притисок ќе препишува матичен лекар

„Вака ќе се растовари и преполнетиот Клинички центар каде пациенти од внатрешноста досега мораше да возат само за да им биде продолжен упатот од специјалистот“, кажа министерот Меџити

-

Нема да има потреба од закажување на специјалист само за да се препише терапија. Променет е режимот на препишување лекови, па матичните лекари ќе препишуваат повеќе лекови за контрола на крвниот притисок, дијабетес, астма и хипотироидизам. Ова денеска го истакна д-р Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна здравствена заштита.

Тој заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити, ги претставија активностите кои се дел од програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023-2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

„Матичните лекари имаат поголеми ингеренции за дијагностика, да препишуваат упати кон лабораторија со цел да го следат пациентот и исто, може да ги препишуваат лековите со исти компетенции како што досега тоа го правеа лекарите специјалисти. Досега околу 700 матични лекари се едуцирани за нов правилник за препишување терапија“, истакна д-р Мехмедовиќ.

Процесот на трансформација во здравството ќе трае три години, а целта е преку матичните лекари кои се доволно обучени и компетентни, да се обезбеди подобра превенција, дијагностика и третман на најчестите болести како висок крвен притисок, дијабетес, хипoтироидизам и астма.

Според анализите, во земјава има голем број недијагностицирани случаи на хронични болести, затоа што се чека предолго додека пациентот да пројави симптоми, наместо да биде откриен во рана фаза и така да се почне навремено лекување.

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека вака ќе се растовари и преполнетиот Клинички центар каде пациенти од внатрешноста досега мораше да возат само за да им биде продолжен упатот од специјалистот.

„Да имате 500.000 луѓе кои се заболени со хипертензија, 250.000 луѓе со дијабетес, треба да поработиме на тоа да го исконтролираме делот од пациенти кои се асимптоматски и кај кои рано може да се почне со превенција. Затоа во овие протоколи освен дијагностика, терапија, има и скрининг“, рече Мехмедовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...