Излезе од печат третиот број на списанието „Современост” за 2023 година

Списанието наскоро ќе биде пуштено во продажба во книжарниците „Литература.мк“ и „Антолог“ во Скопје

sovremenost-tret-broj-2023
Излезе од печат третиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година. Изданието донесува 28 статии на 134 страници, вклучувајќи прозни и поетски дела и критики.
Илустрациите се дело на академскиот сликар Никола Пијанманов. Списанието наскоро ќе биде пуштено во продажба во книжарниците „Литература.мк“ и „Антолог“ во Скопје.