fbpx

Веројатноста за проширување на ЕУ до 2030 е мала

Факт е дека дебатата за проширувањето е актуелизирана. Но, засега нема јасен исход. Колку што руската агресија на Украина придонесе прашањето да се актуелизира, толку со брзата кандидатура на Украина и Молдавија предизвикот на проширувањето се зголеми. Не само затоа што сега нема верба дека сегашниот систем не би можел да функционира со новите членки, туку и затоа што ќе требаат повеќе пари. Одговорот на прашањето дали е можно проширување не може да биде категоричен, затоа што, нели, сѐ е можно и „никогаш не вели никогаш“, пишува Малинка Ристовска Јорданова

-

Говорот на претседателот на ЕУ Шарл Мишел на Бледскиот стратешки форум повторно ја разбранува веќе разочараната јавност во Западниот Балкан, откако кажа дека и „двете страни“ до 2030 година мора да бидат подготвени за проширување. Додуша, не ја дефинираше втората страна – дали сите кандидати, сите потенцијални кандидати, дали Западен Балкан или и источно соседство. И додуше – не кажа „да се прошири“ – туку да бидат подготвени за проширување. Сепак, се слушна глас категоричен и различен од претходните.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Во истиот дух на различност беше и изјавата на портпаролката на Европската комисија, која набрзо го оспори Мишел, велејќи дека оваа институција на ЕУ не се фокусира на датуми. Фокусирани биле да работат со кандидатките за тие да се подготват за членство во ЕУ. Во духот на различноста беше и скоро истовремениот настап на претседателот Макрон кој ја повтори тезата – прво реформи на ЕУ (со идеи за Европа во повеќе брзини“), потоа проширување, што сега е доминантен став во ЕУ. Повеќе аналитичари веднаш отидоа во проценка чија изјава е порелевантна, кој ќе биде актуелен и по европските избори итн., па оттаму и попесимистичките заклучоци во однос на изјавата на Мишел. Како и да е, ваквите разлики се во секој случај показател дека во Европската Унија сѐ уште нема јасен став за натамошното проширување.

Меѓутоа, факт е дека дебатата за проширувањето е актуелизирана. Но, засега нема јасен исход. Колку што руската агресија на Украина придонесе прашањето да се актуелизира, толку со брзата кандидатура на Украина и Молдавија предизвикот на проширувањето се зголеми. Не само затоа што сега нема верба дека сегашниот систем не би можел да функционира со новите членки, туку и затоа што ќе требаат повеќе пари. Одговорот на прашањето дали е можно проширување не може да биде категоричен, затоа што, нели, сѐ е можно и „никогаш не вели никогаш“. Пред неколку години немаше КОВИД, немаше руска агресија врз Украина. Глобално се случуваат големи промени, кои можат да наметнат промени и во политиката на ЕУ. Само што нешто е повеќе веројатно и помалку веројатно.

Во моментов малку е веројатна 2030 како година за проширување. Според сега доминантните ставови во ЕУ, за да бидат и двете страни подготвени за проширување, треба да бидат: 1. Завршени реформите во ЕУ; 2. Кандидатите да бидат подготвени за членство во ЕУ. Реформите во ЕУ не се ни почнати. Откатко заврши Конвенцијата за иднината на Европа, формално не е отворен процесот на измена на основачките договори. За неполна година претстојат избори на ниво на ЕУ. Комплексни и политички тешки се прашањата што веќе се ставени „во оптек“, како што е поголема застапеност на квалификуваното мнозинство во системот на одлучувањето (наместо консензус) – и тоа не само за заедничката безбедносна и надворешната политика, туку и за други значајни прашања, како што е, на пример, оданочувањето. Поконкретните предлози за „Европа во повеќе брзини“, односно можност за посилна интеграција на некои држави членки во некои области допрва се најавуваат. За да се постигне согласност за такви реформи, ќе биде потребна согласност на сите 27, а тоа ќе значи откажување на правото на вето за некои прашања. Ова нема да биде воопшто лесно да се оствари и малку е веројатно тоа да се случи во краток рок.

Од друга страна, темпото на реформи на кандидатите е бавно. Без досежна цел, нема трансформативна моќ на Унијата. Дури, се создава (а и пополнува) просторот за ретроградни процеси. И тоа на креаторите на политиката во ЕУ им е јасно. Затоа се обидуваат да изнајдат начини патот до членството да го поделат на колку-толку привлечни „моркови“ за кандидатите „да загризат“. Таков е предлогот за фазна интеграција, иницијално предложен од тинк-тенкови, а ставен во оптек во ЕУ преку нон-пејперот на Австрија. Да се постави датум – и тоа 2030 година – како целна година за проширувањето здушно (а и најпрвин) се заложи граѓанскиот сектор во регионот. Меѓутоа, потребна е политипчка одлука за тоа од двете страни, што во моментов ја нема, а потоа и да се вложи огромна енегија за тоа да се оствари. За жал, во сегашниот македонски контекст и целната година се користи за дневно-политички потреби, отколку како поттик за реформи, кои, исто така за жал, се во надолна линија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...