fbpx

Маричиќ: Во октомври ќе се знае кој е за членство во ЕУ, а кој не

„Нашата битка е да останеме во пакет со Албанија, да забрзаме и да ги стасаме оние земји кои веќе преговараат 10 години“, вели вицепремиерот

-

Во наредниот период ќе се интензивира комуникацијата со секој пратеник. Очекуваме до месец септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот кој е за членство во ЕУ што побрзо и другиот кој е против членство во ЕУ и кој смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ. Ова го изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ во интервју за МТВ.

Тој укажа дека ако навистина сакаме да продолжиме со државите кои преговараат и да се задржиме тој пакет, за да имаме шанса за влез до 2030 година, уставните измени се првата точка, првата одлука.

„Направивме сè, правиме и ќе направиме до крајниот рок да бидат донесени овие уставни измени. Сметам дека ќе успееме зошто другата опција е да се тргнеме од овој колосек на државите кои веќе преговараат, како што се Црна Гора, Албанија и Србија и да останеме во една групата држави кои се многу далеку од преговорите. Босна и Херцеговина минатата година доби кандидатски статус, Косово е во една сосема друг процес за нормализација на односите со Белград, минатата година ја поднесе апликацијата за членство. Ние тие фази одамна сме ги поминале“, додаде Маричиќ.

Тој е оптимист дека сите пратеници во Собранието ќе разберат во каков нас поволен момент се наоѓа Северна Македонија и моментот на проширување на ЕУ, бидејќи како што кажа Маричиќ, „јасни се сигналите дека 2030 е реален рок и достижен, но тоа не значи дека ни е даден на сите, зависи како ќе се поставиме ние“.

„Нашата битка е да останеме во пакет со Албанија, да забрзаме и да ги стасаме оние земји кои веќе преговараат 10 години. Нашата цел е наредниот пат кога ќе се отвори вратата за членство во ЕУ ние да бидеме тие што ќе влеземе. Тоа зависи само од нас во моментов и од тоа како ние ќе си ги сфатиме задачите и како ќе ги завршиме задачите. Нема веќе други коишто ќе нè спречуваат да одиме напред, само ние со внатрешната блокада или со неизвршување на задачите и незавршување на реформите може да се доведеме самите во категорија на држави коишто имаат сериозни структурни внатрешни проблеми“, посочи Маричиќ.

За уставните измени вицепремиерот смета дека не треба да бидат пречка за продолжување на преговорите со ЕУ, затоа што со нив не се менуваа ништо суштински, се додаваат само неколку заедници, на овие кои веќе се воведени со Охридскиот рамковен договор од 2001 година, и дека одговорноста е јасно лоцирана кај опозицијата и кај пратениците кои треба да гласаат.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...