среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: реформи | 791 резултати

За една недела матичните лекари препишале 5.400 рецепти за хронична терапија

август 29, 2023

За една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Ова е дел од новините во примарната здравствена заштита, со која се овозможува терапијата која досега ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. „Станува збор за […]

Таму кај што најмногу треба, недостига кадар и опрема за справување со климатските промени

август 25, 2023

Поплави со материјални штети и жртви поради силни дождови, суши и продолжени топлотни бранови кои ги уништуваат посадените земјоделски површини и родот на земјоделците, шумски пожари кои уништуваат огромни пространства со дрвја, појава на подзаборавени тропски болести, пропаднати туристички сезони кај скијачките центри поради недостиг на снег и ниски температури се само еден дел од […]

Терапија за астма, дијабетес и притисок ќе препишува матичен лекар

август 21, 2023

Нема да има потреба од закажување на специјалист само за да се препише терапија. Променет е режимот на препишување лекови, па матичните лекари ќе препишуваат повеќе лекови за контрола на крвниот притисок, дијабетес, астма и хипотироидизам. Ова денеска го истакна д-р Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна здравствена заштита. Тој заедно со министерот за […]

Современи депонии најпрво ќе добијат Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион

август 21, 2023

Во октомври 2024 година се очекува да започне изградбата на современите регионални депонии за Полошкиот регион, која треба да се гради кај Русино, Гостивар и за Југозападниот и Пелагонискиот регион што ќе биде лоцирана на дел од површината на досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ во битолско Новаци. Во моментов се подготвува тендерската документација за претстојните […]

Објавена финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција

август 3, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, долгоочекуван правен акт што треба на земјава да ѝ даде насоки и да постави цели во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и за адаптација и градење отпорност кон климатските промени. С. Македонија постави високи цели […]

Сто милиони евра поддршка од ЕУ за реформи во земјава

јули 17, 2023

Сто милиони евра макрофинансиска поддршка за РС Македонија денеска е одобрена од страна на ЕУ, која претставува поддршка на патот кон членство во блокот, поддршка за реформите и, најзначајно, поддршка на политиките во време на криза, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими. „Тоа се 100 милиони евра, со кои ЕУ го поддржува планот на земјата […]

Ја уништуваме природата: Лани пораст на испуштените непречистени отпадни води [инфографик]

јули 2, 2023

Пречистителните станици во дел од македонските општини лани не си ја вршеле својата дејност во континуитет. Ова е заклучокот од најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2022 година, кои покажуваат алармантен пораст на отпадните води кои непречистени се вливаат во реките, езерата, подземните води и акумулациите во Македонија. За само една година, […]

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

јуни 30, 2023

Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012- 2027)“, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу […]

Апсурд: Најголем дел од водата за пиење се губи пред да стигне до граѓаните [инфографик]

јуни 25, 2023

Наместо да ја користат граѓаните или компаниите, најголемото количество од водата за пиење во Македонија се губи во водоводните системи на јавните претпријатија. Загубите на вода за пиење во услови на непредвидливите климатски промени со кои се соочува земјава не се сфаќаат сериозно, што пак може во иднина да доведе до сериозни проблеми со водоснабдувањето […]

Судскиот совет ги прифати оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

јуни 8, 2023

Судскиот совет на денешната итна седница го констатираше престанокот на мандатите на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски, по нивното давање оставки. Оставките завчера беа депонирани во архивата на Судскиот совет, а на денешната 444. седница, тие беа констатирани. Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на Советот имала определени моменти […]

Под знамето на ЕУ

мај 10, 2023

Да ги погледнеме најпрвин здодевните формалности: Деловникот на Собранието на Република Македонија воведе посебни одредби за закони со кои се врши усогласување со законодавството на ЕУ со измените од 2008 година. Суштествените одредби се однесуваа на тоа дека на пратениците со предлогот на законот требаше да им се дадат информации и да им биде образложено […]

Ревизорите открија: постојната депонија во Свети Николе се пали и ја загадува околината

мај 9, 2023

Општина Свети Николе веќе подолго време се противи на изградбата на современа регионална депонија по европски стандарди на нејзината територија, а во меѓувреме Државниот завод за ревизија откри дека постојната општинска депонија е надвор од било какви стандарди за управување со отпадот. Ревизорите извршиле увид на лице место на постојната депонија „Мавровица“ во Свети Николе, […]

Молк од скопски „Водовод“ за загубите на вода за пиење кои достигнуваат 60 отсто

април 20, 2023

Нетранспарентен однос од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кое повеќе од еден месец не сака да одговори на прашањата на Мета.мк во однос на тоа што преземаат за да се намали постојниот процент на загуби на вода за пиење во скопскиот водоводен систем. Процентот на неприходувана вода за пиење за 2022 година во Скопје […]

Евроамбасадорот Гир не е задоволен од борбата против корупцијата во земјава

април 19, 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир изнесе серија критики во однос на исполнувањето на препораките за борба против корупцијата од ланскиот извештај на Европската комисија на денешниот работен состанок во Владата, на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска. Двајцата ги оценија како „недоволни, бавни и разочарувачки“ спроведените мерки и препораки од Антикорупциската комисија […]

Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

април 18, 2023

Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека ќе се работи и на нов Изборен законик. „Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, […]

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го потпиша договорот за пречистителната станица за кој разреши директор

април 13, 2023

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави дека скопската градоначалничка Данела Арсовска вчера го потпишала договорот за изградба на скопската пречистителна станица, поради кој претходно го разреши поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински. „Со ставањето на потпис на договорот за пречистителна станица, Данела Арсовска стави потпис на признанието дека лажела, манипулирала, лажно обвинувала […]

Мета факт: Безброј датуми и неостварени ветувања за регионалната депонија во Свети Николе

април 11, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање на почетокот на месецов информираше дека ќе ги одземе ингеренциите на Општина Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Ова не е прво ветување на надлежното министерство во врска со изградбата на […]

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите

април 7, 2023

Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на […]

Во караници помина расправата за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

април 6, 2023

Во тензична атмосфера и со низа забелешки од приватните комерцијални телевизии помина втората јавна расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ЗААВМУ). Откако си ги кажаа забелешките, претставниците на дел од телевизиите одлучија да ја напуштат денешната јавна расправа и да не ги сослушаат останатите учесници на настанот. Иван […]

Очајни 10 отсто од активностите за борба против корупцијата биле спроведени лани

април 5, 2023

Наместо да има унапредување на мерките и активностите за надминување на ризичните фактори кои ја поттикнуваат корупцијата во државата, лани имало очајно исполнување на ваквите активности кои водат кон борбата против корупцијата. Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска изјави дека 10 отсто од активностите предвидени за 2022 година се спроведени, […]

Страна 2 од 40