fbpx

Белгиското претседателство: Искуството на преден план

Најавено е и дека владеењето на правото ќе биде во центарот на вниманието на уште еден неформален самит каде ќе бидат поканети и претставниците на државите кандидати

-

Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, а повеќе од половината се резервирани. Дури, едвај повеќе од половината погодиле дека земјата ќе биде претседавач во првата половина од 2024 година.

Автор: Малинка Ристевска – Јорданова

Официјалните претставници на Белгија секако покажуваат поголема увереност во успех од граѓаните, иако се прилично внимателни во поглед на очекувањата. Според белгискот премиерот Александер Де Кро задача на Претседателството не е „да води“, туку „да олеснува“. Веројатно искуството ги учи да ги „управуваат очекувањата“, особено што Програмата започнува со оценката дека ЕУ е се наоѓа на „крстосница“, што е симболично пренесено и преку логото на Претседателството. Сепак, во презентацијата на Претседателството и премерот де Кро и министерката за надворешни работи Лабиб повеќепати нагласија „Наша цел е да оствариме“. Уверени се дека претстои успешно Претседателство, меѓу другото, и затоа што нивната држава „е подобра во изнаоѓање решенија, одошто создавање проблеми“, а ЕУ е веќе „во нејзината ДНК“.

Шесте тематски приоритети на Претседателството се сублимирани во мототото на Претседателството „Заштита, јакнење, подготовка“:
-Заштита на граѓаните;
-Јакнење на економијата;
-Подготовка на иднината.

Заштитата на граѓаните ги обединува тематските приоритети во областа на демократијата и владеењето на правото, социјалната и здравствената заштита, но и заштитата на границите. Не треба да биде изненадување што Белгија го става како прв приоритетот „Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството“. Во овој приоритет е вклопена и обединетоста во поддршката за Украина.

Економскиот приоритет е во континуитет со претходните – подигнување на конкурентноста на Унијата, меѓутоа со истовремено совладување на предизвиците на дигиталната и климатската агенда.

Третиот приоритет се однесува на продолжувањето на дискусијата за реформата на Унијата со цел таа да се подготви за проширување. Се очекува во белгиското претседателство да заврши работата на Стратешката агенда – документ кој до јуни, според планот, би требало да го усвојат шефовите на држави/влади, а треба да ги определи стратешките цели и насоки за Унијата за следните пет години – до 2029 година.

Текстот на Програмата за проширувањето е прилично општ и е во стилот на досегашните декларативни заложби. Нагласката се става на мониторирање на кандидатите, во согласност со новата методологија и принципот на заслуги, како и на поттикнување на реформите, особено во областа на демократијата и владеењето на правото. Од друга страна, Белгиското претседателство најавува фокус на интеграцискиот капацитет на ЕУ да прими нови членки, како и на „рефлeксиите за потребните внатрешни реформи за идно успешно проширување“.

Најавено е и дека владеењето на правото ќе биде во центарот на вниманието на уште еден неформален самит кадешто ќе бидат поканети и претставниците на државите кандидати.

За разлика од воздржаниот тон на Програмата за проширувањето, се очекува токму тоа да биде една од жешките теми што ѝ е пренесена на Белгија, со оглед на тоа што за Украина и Молдавија е донесена политичката одлука, но не и конкретните одлуки – за датум за почеток, преговарачка рамка, скрининг, итн. Инаку, освен Украина и Молдавија, ниедна друга држава – кандидат не се споменува поименично во Програмата.

Белгија нема многу време да ги заврши отворените досиеја од овој мандат на европските избраници и Комисијата, со оглед на изборите за Европарламентот кои треба да се одржат на почетокот на јуни идната година. Оттаму, стручњаците проценуваат дека ефективно време за завршување на легислативните досиеја кои се во тек е практично до март. Такви незавршени досиеја се околу 155 на број. Не е можно сите да се затворат, оттаму ќе биде значајна приоретизацијата од страна на Претседателството.

Сепак, главниот критериум за успех на ова Претседателство веројатно нема да биде завршувањето на законодавната агенда, туку како ќе ги води стратешката и реформската агенда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...