fbpx

Русија со нов бран воздушни напади во Украина

Украинското Министерство за внатрешни работи извести дека се направени штети на 12 станбени блокови, 13 домови, болници, хотелска зграда, градинка, комерцијални простории, гасовод и автомобили

-

Украина повторно е нападната од руски воздушни напади, изјавија властите, по два дена интензивни воздушни напади од двете страни, пренесува Би-би-си.

Повеќето од нападите беа концентрирани на југ и на исток, но експлозии беа забележани и во Киев. Москва возврати на вчерашните украински напади врз рускиот пограничен град Белгород во кои загинаа најмалку 24 лица. Тоа се случи откако Русија во петокот изврши масовни воздушни напади низ Украина.

Киев соопшти дека тие напади, во кои загинаа најмалку 41 лице, се најголемото ракетно бомбардирање во војната досега.

Последните руски напади се случија кога Украина влезе во последниот ден од 2023 година. Утринава украинските воздухопловни сили објавија дека уништиле 21 од 49 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта, а повеќето напади биле насочени кон регионите Харков, Керсон, Миколаев и Запорожје. Украинските системи за противвоздушна одбрана во регионот околу главниот град Киев исто така беа ангажирани за да се одбие напад со руски беспилотни летала, објави на Телеграм воената администрација на регионот.

Регионалниот гувернер на Харков изјави дека 28 лица се повредени откако најмалку шест проектили го погодиле градот во близина на границата со Русија во текот на ноќта.

Украинското Министерство за внатрешни работи извести дека се направени штети на 12 станбени блокови, 13 домови, болници, хотелска зграда, градинка, комерцијални простории, гасовод и автомобили.

„Ова не се воени објекти, туку кафулиња, станбени згради и канцеларии. Во пресрет на Новата година Русите сакаат да го заплашат нашиот град, но ние не се плашиме – ние сме нескршливи и непобедливи“, рече градоначалникот на Харков Ихор Терехов на Телеграм.

Во јужниот регион Керсон, гувернерот пријавил и дека две лица се убиени од руско гранатирање.

Последните напади доаѓаат по неколкуте смртоносни дена во Украина и во Русија. Во масовното руско бомбардирање на Украина во петокот загинаа десетици, а беа повредени речиси 160 луѓе. Нападнати беа неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...