fbpx

Посетата на фон дер Лајен – реплика на пораките од Тирана

Пофалби за „постигнатото“, но каде се реформите?

-

Станува веќе традиција пред објавувањето на годишниот пакет за проширувањето претседателката на Комисијата да го обиколи регионот на Западниот Балкан. Оваа година тоа се случува непосредно по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана.

Автор: Малинка Ристевска-Јорданова

Она што оваа есен како „крупен залак“ го носи во регионот највисоката претставничка на Европската комисија е новиот План за раст на Западниот Балкан. Барем првата посета на Скопје, не донесе ништо суштествено ново споредено со пораките од Тирана, а претходно веќе најавено на ГЛОБСЕК форумот во Братислава.

Овде ги споменуваме само скромно откриените новини во однос на претходните најави за планот.

  1. Пристапот до „клучни делови“ на заедничкиот европски пазар во седум сектори. Досега се споменуваат: областа на стоки и улуги, патниот сообраќај, енергијата, царинската соработка, е-трговијата и безготовинските плаќања. Сé уште е нејасно каков ќе биде обемот и динамиката на пристапот, па и правните и институционалните аранжмани.
  2. Реализација на регионалната економска област, за која планот е донесен во 2017 година. Ова може да значи и условување на пристапот до Планот за раст зависно од исполнувањето на обврските преземени за регионалниот пазар, кои досега многу бавно се реализираат.
  3. Нагласена условеност за владеењето на правото слична на постојната за Планот за обнова на ЕУ. Фон дер Лајен ги нагласи: ефикасна јавна администрација, здрави јавни финансии, подобрена бизнис средина; да се продолжи со реформи во судство, борба против корупцијата.
  4. Најавени се 2 милијарди евра во грантови и 4 милијарди во заеми како дел од новиот План. Иако сé уште не е прецизно кажано за кој период ќе се однесува оваа дополнителна финансиска инекција, најверојатната претпоставка е дека тоа ќе бидат дополнителни средства за ИПА од ревизијата на тековниот седумгодишен буџет на Унијата (2020-2027). Да се потсетиме – постојниот план е 9 милијарди евра грантови, 20 милијарди евра во заеми (проценка за вкупно 30 милијарди евра инвестиции). Ова би значело ревизија на Постојниот план за раст на Западниот Балкан. Зголемувањето е секако добредојдено, но е многу далеку од барањето за пристап до структурните фондови, за кои премиерот Ковачевски спомена дека се 11 пати повисоки.

Целината би требало да ја чуеме (и видиме) веќе за десетина дена, кога ќе биде претставен Пакетот за проширување.

И пораките до Македонија не носат многу ново, но носат контрадикторности.

Првата е во однос на можноста за членство до 2030 година, одново и одново повторена од премиерот Ковачевски. Претседателката на Комисијата остана на познатите ставови, избегнувајќи датуми. Проширувањето е во фаза на „отворен прозорец“, „отворена дебата“, кои „Северна Македонија треба да ги искористи“, „да продолжи да се движи напред“…

Секако поврзана со овој контекст е и пораката за уставните измени:  дека тие се неопходен услов за пристапување, нагласуваји ја одговорноста на сите партии.

Третата е на извесен начин отстапување од умереноста на Фон дер Лајен: претераните пофалби за „постигнатото“, но избегнувајќи тој „импресивен“напредок да го поврзе со спроведувањето на реформите токму во областите што самата ги напомена како клучен услов за напредување во процесот – владеењето на правото.

Конечно, при сето ова останува нејасен оптимизмот за можност за отворање на Кластерот „Темели“ до крајот на годината, кога се знае дека за тоа, според сегашните правила,  потребно е Советот на ЕУ едногласно да утврди дека се исполнети одредниците – Патоказ за владеење на правото (вклучувајќи го Акцискиот план за малцинствата) и Патоказот за јавната администрација. Тие ЕК сé уште не ги побарала, па ние не сме ги доставиле, не се објавени…. а камоли разгледани и утврдени… Да потсетиме дека Црна Гора и Србија им требаше една односно две години само за да се утврди дека одредниците за отворање на преговорите се исполнети, а привремените одредници не се исполнети ни по десет години преговори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...