четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: судски реформи | 24 резултати

Извештај на Стејт департментот: Сериозни наводи за функционери вклучени во корупција

март 21, 2023

Иако законот предвидува казни за корупција на функционерите, а владата генерално го спроведуваше овој закон, сепак има сериозни наводи за функционери вклучени во корупција. Владата е најголем работодавач во земјата, а невладините организации велат дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваат корупцијата како една од главните […]

Независно судство – лесно се ветува, тешко се спроведува

јули 3, 2022

Во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството насловен:„На правосудството му е потребна финансиска „бустер“ доза“, меѓу другото се забележува дека независноста и кај судството и кај обвинителството, иако законски загарантирано, останува дискутабилно прашање на кое треба да се поработи во следниот период. Правниот експерт Натали Петровска како најпроблематичен сегмент во досегашните реформските процеси во правосудството го […]

Порталб: Објавен составот на комисиите што ќе ги контролираат и оценуваат судиите

април 6, 2022

Иако беше ветено дека процесот на прочистување на судството ќе започне во јануари 2021 година, Судскиот совет на Република Северна Македонија вчера ги формираше комисиите за контрола и оцена на судиите и претседателите на судовите, извести Порталб.мк. Оцената на квалитетот на водењето на судските постапки ќе се врши преку контрола во 10 предмети на судијата […]

Вистиномер: Од „No name“ компјутери до онлајн-судење

февруари 12, 2022

Ако детално се погледне  Функционалната анализа на основните судови во РСМ претставена во ноември 2021 година, а со цел да се стекне вистинската слика со ИТ – опрема во судството, може да се сретнат и бизарни податоци кога се набројува постојната опрема во судовите, се наведува се вели во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во правосудството под наслов: „На […]

Вистиномер: Судството со намалена ефикасност во првата „пандемиска“ година

февруари 6, 2022

Сѐ уште има стари судски предмети кои се водат како нерешени по повеќе години и тие систематски „се чистат“, но забележана е и намалена ефикасност во текот на првата „пандемиска“ година – 2020 г. Ова се наведува и во „Извештајот во сенка за Поглавјето 23“ на Институтот за европски политики, при што се забележува дека […]

Порталб: Лоши прогнози за основните судови во земјава и во 2022 година

јануари 6, 2022

Основните судови во Северна Македонија никако да се реформираат. Тие се соочуваат со многу проблеми, кои се пренесуваат од година во година. И во 2022 година овие судови ќе се соочат со сериозен недостиг на човечки и технолошки ресурси затоа што покрај луѓе им недостигаат и функционални компјутери. Исто така, нивната буџетска зависност од извршната […]

Судовите од денеска ќе издаваат потврда за неосудуваност по електронски пат

октомври 7, 2021

За подигањето на потврда за неосудуваност и слични документи во хартиена форма од денеска нема да биде потребно задолжително физичко присуство во надлежниот суд според местото на раѓање. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ и претседателот на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги претставија […]

Порталб: АКМИС со кој манипулираа судиите ќе биде надграден, кога и како не се знае

октомври 1, 2021

Електронскиот систем за распределба на судски предмети, во јавноста познат како АКМИС ќе се надгради, бидејќи во претходниот период истиот беше злоупотребен од трите најважни судови во земјата, Кривичен, Апелационен и Врховен. Сепак, не е познато кои ќе бидат новините и кога се очекува да заврши имплементацијата, пишува Порталб.мк. Направена е анализа на функционирањето на […]

Маричиќ за Порталб: Во Северна Македонија нема „заштитени поларни мечки“, судството се реформира (ВИДЕО)

април 15, 2021

Во интервју за Порталб.мк, министерот за правда Бојан Маричиќ, зборува за процесот на реформирање на судскиот систем, како едно од основните барања за зголемување на кредибилитетот на овој систем. Вели дека земјава побарала од Европската унија да воспостави мониторинг на 50 случаи годишно, случаи кои се поврзани со високата корупција и криминал и се очекува […]

Претседателката на Врховен, Адеми во интервју за Порталб: Ќе бидат казнети судиите кои подлегнале на криминалот и политиката

март 12, 2021

Судијката Беса Адеми, денеска и официјално беше именувана за претседателка на Врховниот суд, откако даде заклетва пред членовите на Судскиот совет. Порталб.мк реализираше ексклузивно интервју со судијката Адеми, првата Албанка која ќе седне на фотелјата на највисокиот суд на Северна Македонија. Во првото интервју за медиумите, откако беше именувана за претседателка на Врховен, Адеми вели дека нејзин најголем предизвик ќе ѝ биде враќањето […]

Порталб: Судиите и обвинителите ќе ги „чисти“ државата, но под надзор на ЕУ

ноември 7, 2020

Методологијата за чистење на судството се очекува да биде објавена на крајот на првите 100 дена од мандатот на министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во процесот се вклучени сите релевантни институции, под надзор на претставниците на Европската унија, пишува „Порталб.мк“. Министерството за правда работи на методологијата за чистење или филтрирање на судии и обвинители, бидејќи […]

Прибе очекува промена во однесувањето на судските институции

декември 7, 2018

Рајнхард Прибе и групата високи експерти по владеење на правото кои ја оценуваа состојбата со владеењето на правото во 2015 и 2017 година од 5 до 7 декември биле во посета на Скопје за да направат увид во спроведувањето на препораките кои ги даде групата во однос на судските реформи, информираат од Делегацијата на ЕУ […]

Заев најави интензивирање на судските реформи

октомври 31, 2018

На шестата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор на Владата, која се одржала синоќа, премиерот Зоран Заев како претседавач на Советот најавил интензивирање на реформите во правосудниот сектор. Како што стои во соопштението од Владата, министерката за правда, Рената Дескоска, го презентирала добиеното мислење од Венециската комисија […]

EК ја повика Романија да го ревидира контроверзниот закон

август 13, 2018

Европската комесарка за правда, потрошувачи и полова еднаквост Вера Јoурова, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ ги повика романските власти да го ревидираат предлог-законот кој предизвика масовни протести против корупцијата во земјата. Протестите продолжија мирно вчера, со околу 15.000 демонстранти на плоштадот „Викториеи“ во Букурешт. Протестите почнаа во петокот, кога ескалираа, и  при судирите […]

Измените и дополнувањата на законите не ги исполнија очекувањата на судите

мај 17, 2018

Последните измени и дополнувања на Законот за судовите и Законот за Судски совет, не ги исполнија очекувањата на судите за ефективно реформирање на овој сектор, особено измените и дополнувањата кои ги регулираат статусните прашања, односно дисциплинската одговорност на судиите и основите за разрешување. Таков заклучок донел Управниот одбор на Здружението на судии (ЗСРМ) на својата […]

Контролорите на судството од порано знаеле што се случува во Кривичниот суд во Скопје

март 1, 2018

Извештајот за состојбите во Кривичниот суд во Скопје што го испратил Стојанче Рибарев – в.д. претседател на судот од март до крај на октомври 2017 година, потврди дека тие што се задолжени да ги контролираат судовите, а тоа се Врховниот суд и Судскиот совет знаеле се од порано, та сепак даваат изјави, „ништо помпезно, ништо […]

Неделава ќе се знае составот на Советот за реформи на судството

јануари 29, 2018

Советот за имплементација на реформите во правосудството ќе го сочинуваат претседателите на трите судови – Врховен, Апелациски и Кривичен суд, како и јавниот обвинител и специјалниот јавен обвинител. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашња. Тој рече дека е во финална фаза на консутлации со правните експерти околу Советот, кој според […]

Бушати се сретна со Габриел и со Кундерс во Тирана

април 17, 2017

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, како и со министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. На заедничка прес-конференција Кундерс ја истакнал важноста од спроведување на реформи во судството. „Сметам дека е важно да се […]

Европскиот парламент ја одобри нацрт-резолуција на Флекенштајн за Албанија

февруари 15, 2017

Европскиот парламент ја одобри нацрт-резолуција за Албанија, презентирана од страна на известувачот за Албанија на Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн. Најголем дел од точките на оваа резолуција се клучен предуслов за назначување на датум за Албанија да ги почне претпристапните преговори за членство во ЕУ. Потребно е земјата да ги спроведе судските реформи и одржување на избори […]

Лу: Успехот на судските реформи во Албанија зависи од волјата на народот

декември 6, 2016

На конференција за борба против корупцијата што се одржа во Тирана, амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, изјави дека Албанците мора да имаат високи очекувања од спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. „Судските реформи може да бидат спроведени само ако народот во Албанија има високи очекувања и барања од институциите. Албанците […]

Страна 1 од 1