Извор: Порталб.мк

Во интервју за Порталб.мк, министерот за правда Бојан Маричиќ, зборува за процесот на реформирање на судскиот систем, како едно од основните барања за зголемување на кредибилитетот на овој систем. Вели дека земјава побарала од Европската унија да воспостави мониторинг на 50 случаи годишно, случаи кои се поврзани со високата корупција и криминал и се очекува мониторингот да започне во септември. Според него, дел од мониторингот ќе биде и случајот „Дива Населба“ во Куманово.

Министерот вели дека контролата на имотот на судиите е само дел од реформата на судството и дека во исто време се работи на сеопфатен процес на работата на судиите, судовите и претседателите на судовите, спречување на застарување на предметите, деблокирање на блокираните предмети и зголемување на ефикасноста, модернизација на судството преку дигитализација.

Маричиќ рече дека пресудите за поранешните функционери требаше да се случат порано и дека во судството треба уште да се работи, сепак, според него, Северна Македонија, како ретка која земја во регионот, има пресуди против поранешниот премиер, двајца поранешни министри за внатрешни работи и поранешен началник на Тајната служба.

Тој најави дека АКМИС системот за автоматско управување со судски предмети ќе биде надграден со нов систем и ќе има сеопфатна обука на сите судии и обвинители да работат на тоа.

Целосното интервју со министерот за правда Бојан Маричиќ можете да го погледнете овде: