вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за правда | 109 резултати

Лога: Сајбер заканите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат сè поштетни последици

22 мај 2023

Министерот за правда Кренар Лога присуствува на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник, а говорејќи на панелот на тема „Сајбер криминал – безбедносна закана во Југоисточна Европа и важноста на соработката”, тој порача дека е неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување. Лога рече […]

Работната група за уставни измени го усвои Деловникот, не се предвидени други интервенции во Уставот

19 мај 2023

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од уставни измени со кои Бугарите и другите народи треба да бидат вметнати во Уставот денеска едногласно го усвоила Деловникот за работа. Претседателката на работната група, Маргарита Цаца Николовска ја отфрли можноста работната група да расправа за други интервенции во Уставот, пред сè оние што се однесуваат […]

Жените-затворенички ќе ги добијат истите права како мажите во „Идризово“

12 мај 2023

Министерството за правда информираше дека се подготвени измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи. Со измените е предвидено доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи погодностите во согласност […]

Работната група за уставни измени расправаше по Деловникот, ќе се гласа идниот петок

11 мај 2023

Работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измена на Уставот на денешната седница расправаше за Деловникот и начинот и методологијата на работа, информираше Министерството за правда. Се очекува Деловникот да се усвои на следната седница која е закажана за петок по што ќе се отпочне со материјална расправа за предлог иницијативата за измена […]

Објавена листата на експерти кои ќе ги подготвуваат уставните измени

19 април 2023

Министерството за правда ја објави листата експерти во работната група за уставните измени. Од Министерството велат дека во наредниот период списокот ќе се дополнува и со други членови кои треба да дадат свој придонес во подготовката на уставните измени. Засега, работната група ќе биде составена од следните експерти: Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен […]

Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

18 април 2023

Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека ќе се работи и на нов Изборен законик. „Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, […]

Објавени предложените учесници во работната група за уставните измени

11 април 2023

Министерството за правда денеска ги објави имињата на учесниците во работната група за уставни измени, предложени од парламентарните политички партии и од институциите. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии за номинирање свој претставник во работната група истече ноќеска на полноќ. Според предложените имиња, евидентно е дека претставниците […]

Здружението „Цар Борис Трети“ е избришано од Централниот регистар

4 април 2023

Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид е избришано од Централниот регистар. Ваквиот епилог следува откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис Трети во називот на […]

Подготовки за уставните измени: Министерство за правда бара членови за работната група

4 април 2023

Почнаа подготовките за уставните измени. До 10 април е рокот за номинирање на претставник во работната група за измени на Уставот на Република Северна Македонија, информираа денеска од Министерството за правда. „Дописи се испратени до Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања, парламентарните политички партии, експерти кои […]

Лога го потпиша решението за неусогласеност на името на Здружението „Цар Борис III – Охрид“

30 март 2023

Министерот за правда Кренар Лога, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности, го потпиша решението за неусогласеност за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари Цар Борис III Охрид. Комисијата за употреба на имиња на личности смета […]

„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира

23 март 2023

Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ – Битола од денеска не постои како правно лице во земјава. Тоа беше избришано од Централниот регистар (ЦР), откако вчера Министерството за правда до ЦР доставило Решение за неусогласеност на здружението со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, извести ЦР. Одлуката на […]

Спасовски: Децата од улица треба да живеат, а не само да преживеат

20 март 2023

Наша обврска да се погрижиме ниту едно дете да не биде лишено од основните човечки потреби и удобности, заеднички да помогнеме да го направиме ова место подобар свет за нив за да можат живеат, а не само да преживеат. На децата не им е местото на улица, туку во училиштата, во образовниот процес. Ова го […]

Средба на амбасадорот Јан Коп со Лога: Холандија ги поддржува реформите во правосудството

13 март 2023

Министерот за правда Кренар Лога денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Дирк Јан Коп, информираат од Министерството за правда. Министерот Лога му се заблагодари на амбасадорот Јан Коп за интензивната соработка и посветеноста на европската реформска агенда, како и помошта која е дадена преку проектите кои се финансирани од Холандија, […]

Лога: Подготвуваме нов допис за екстрадиција на Груевски

10 март 2023

Кренар Лога, министер за правда, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Во гостувањето тој кажал дека писмото е поврзано и со девет други случаи. Во образложението за екстрадиција, навел Лога, ќе пишувало дека казната Груевски ќе ја одлежува во хашките ќелии кои […]

Министерство за правда посочува неправилности во транспортот на избеганиот осуденик

16 јануари 2023

Управата за извршување на санкциите во петокот спровела вонреден стручен надзор во КПД Идризово, со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираше Министерството за правда. Со оглед на фактот, како што велат од Правда, што учесниците во настанот кои се припадници на […]

Едногласно усвоен Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

17 ноември 2022

Собранието на РСМ денеска едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се  гарантира слободата на изразување, информираат од Министерството за правда. „Ова е еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета“, […]

Протест против здружението „Цар Борис III“, советодавно тело ќе дава мислење при именување со историски личности

7 октомври 2022

„Фашизмот мора да падне“, „Не за бугарскиот Хитлер“, „Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти“, се само дел од паролите со кои десетици демонстранти денеска го искажаа своето незадоволство поради отворањето на Здружението на граѓани именувано како „Цар Борис III“ во Охрид. Протестот е организиран од партијата Левица, а е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Беше […]

Министерството за правда не нарачало кафемат кој чини над милион евра

14 септември 2022

Грешката, која се појави на страницата на електронскиот систем за јавни набавки, а која подоцна беше коригирана, не исчезнува од социјалните мрежи и по повеќе од една година. Имено, стануваше збор за кафемат за Министерството за правда кој бил добиен без надомест, поради годишна набавка на кафе во вредност од 60.000 денари. На социјалните мрежи, […]

Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

12 септември 2022

Министерството за правда соопшти дека во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, обвинети за масакрот кај Смилковско Eзеро. „За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од […]

Спасовски: МВР е поврзано на Националната платформа за интероперабилност

25 август 2022

Со цел брза размена на податоци со останатите институции и намалено време на чекање на граѓаните за добивање на услуги, Министерството за внатрешни работи е поврзано на Националната платформа за интероперабилност и нуди веб сервиси кои се од сопствен развој, објави на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според министерот, меѓу веб сервисите се: евиденција […]

Страна 1 од 6