fbpx
Таг: министерство за правда

таг: министерство за правда

Зоран Божиновски синоќа екстрадиран во Македонија

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). - Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката - ни рекоа од МВР. Неофицијално, Божиновски бил префрлен...

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, но засега не е познат...

Демонстрантите го „бојадисаа“ Министерството за правда и им лепат срциња на полицајците

Демонстрантите на денешниот граѓански протест, кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја на зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“. Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците што ја чуваат зградата на Министерството за правда, на кое се испишани 10 прашања за секој полицаец, меѓу...

Се расчистува просторот кај народната канцеларија на Иванов

Десетина работници денеска го расчистуваат просторот околу народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот, која беше демолирана на вчерашните протести. Екипите го собираат стаклото од тротоарот и ја расчистуваат внатрешноста на канцеларијата. Се суредува и просторот околу и во Министерството за правда, каде што беа искршени неколку прозорци. На вчерашните протести против одлуката на Иванов да ги аболира сите политичари против...

ОМ денеска во 12 часот повторно на протест за ослободување на Љубе Бошкоски

Партијата Обединети за Македонија (ОМ) за денеска во 12 часот најави протест пред зградата на министерството за правда на кој нејзините членови и симпатизери ќе бараат ослободување од затвор на претседателот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски. Во најавата за протестот, објавена на фејсбук-страницата на ОМ, партијата ги повикуваат сите граѓани, членови на политички партии...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари годинава, ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство на Косово како неоснована и ја потврдил...

Јанева попладнево ќе каже дали се соочува со нови сопки во работата?

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, за денеска доцна попладне, во 17.30 часот, закажа прес-конференција. Освен времето на одржување на конференцијата, засега нема официјални информации за поводот и за темата. Сепак, според последните актуелности поврзани со обвинителството, извесно е дека причина е Законот за јавнообвинителска служба, кој специјалното обвинителство инсистира да биде донесен од Влдата и од Собранието во најкус можен рок. Покрај...

Аневски: На Јанева засега ѝ се доволни седум обвинители

Советот на јавни обвинители останува на ставот дека изборот на обвинители во тимот на Катица Јанева е завршена работа и дека засега нема потреба од седница за комплетирање на тимот, бидејќи нема нови околности, изјави претседателот на Советот, Петар Аневски, по денешната промоција на публикациите за антидискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители. - Тоа е одлучено, определен е...

Јанева: Јас работам, а за сè друго нека кажат Владата и Советот на обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, не сака официјално, ниту неофицијално да ја коментира настанатата ситуација со Специјалното јавно обвинителство и за сите отворени прашања нè упатува на надлежните институции, односно Советот на јавни обвинители, Владата и Министерството за правда. Ова е суштината на краткиот телефонски разговор на „Мета“ со специјалната обвинителка Јанева. - Ние работиме на тековни работи, за настанатата ситуација треба...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...