Предложената иницијатива за уставните измени стигна до Владата

Владата ќе треба на седница да ја разгледа предлог-иницијативата за уставни измени, по што и официјално извршната власт ќе може да ги достави нив до Собранието на РСМ

-

Министерството за правда ја испрати до Владата на РСМ предлог-иницијативата за уставните измени. Откако беа усвоени од страна на работната група за уставни измени, предлог-иницијативата за промена на Уставот потоа се проверуваше од страна на Министерството за правда, по што беше преведена и на албански јазик.

Владата на седница ќе треба да ја разгледа предлог-иницијативата за уставни измени, по што и официјално извршната власт ќе може да ја достави до Собранието на РСМ.

Работната група за уставните измени на 26 мај го усвои предлогот за промена на Уставот, според кој, освен бугарскиот, во Преамбулата на македонскиот Устав треба да влезат и хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Главна точка на лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски в среда ќе бидат токму уставните измени и нивното прифаќање во Собранието на РСМ.

Инаку, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска излегоа со соопштение пред одржување на лидерската средба со порака дека нема да ги поддржат уставните измени.

„Пратеничката група на Коалицијата „За обнова на Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овој став упатува раководството на партијата, сите политички претставници на Коалицијата „За обнова на Македонија“ и претседателот на партијата проф. д-р Христијан Мицкоски на претстојната лидерска средба да ги реафирмира ставовите за неприфаќање на уставните измени и да се почитуваат интересите на граѓаните“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...