Здружението „Цар Борис Трети“ е избришано од Централниот регистар

Ваквиот епилог следува откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности

-

Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари „Цар Борис Трети“ Охрид е избришано од Централниот регистар.

Ваквиот епилог следува откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност, врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис Трети во називот на охридското здружение.

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека евентуалното именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Во образложението, Комисијата наведува дека Цар Борис Трети е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот Рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка.

Од Министерството за правда изјавија дека постапувале согласно одредбите од Законот за здруженија и фондации, притоа земајќи го предвид и мислењето на Комисијата за имиња на личности.

Минатиот месец и бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола беше избришан од Централниот регистар, откако министерот за правда Кренар Лога го одби како неосновано барањето на бугарското здружение во Битола за употреба на името Иван Михајлов во својот назив.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...