fbpx

Финска стана 31. членка на НАТО, Русија тврди дека се зголемува ризикот од судири

Русија предупреди дека ќе ја зајакне својата одбрана долж границата со НАТО ако алијансата распореди дополнителни трупи и опрема во Финска

-

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска го потпиша пристапниот документ и му го предаде на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по што ќе следува кревањето на знамето на Финска пред седиштето на НАТО во Брисел, со што се заокружува процесот на пристапување кој траеше помалку од една година.

Со ова, се заокружува процесот за Финска, која стана 31. членка на НАТО, со што Алијансата ја прошири својата граница со Русија.

„Клаузулата ‘еден за сите, сите за еден‘ од денеска се применува и на Финска. Целта со која Путин ја почна инвазијата на Украина беше да има помалку НАТО, но го доби спротивното“, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг.

И Шведска минатиот мај побара прием во НАТО, но нејзината апликација и понатаму е блокирана од Турција.

Финска, како и Шведска, одлучи да се откаже од повеќедецениската воена неутралност набргу откако Русија ја нападна Украина.

НАТО сега има седум членки со излез на Балтичко Море, со што дополнително се изолира крајбрежниот пристап на Русија до Санкт Петербург и малата енклава Калининград.

Финска добива „железна гаранција за безбедност“, рече Столтенберг на почетокот на денешната церемонија.

Русија предупреди дека ќе ја зајакне својата одбрана долж границата со НАТО ако алијансата распореди дополнителни трупи и опрема во Финска. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека влегувањето на Финска во НАТО и потегот на НАТО да ја зголеми својата борбена готовност, го зголемува ризикот од судири.

Кремљ објави дека ќе биде принуден да преземе „контрамерки“ за да ја осигура безбедноста на Русија како одговор на влезот на Финска во НАТО.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков го нарече потегот на Хелсинки да ѝ се придружи на Алијансата замешување во безбедноста на Русија и рече дека НАТО структурата е непријателска кон Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...