Спасовски: Децата од улица треба да живеат, а не само да преживеат

Документот го работела работна група составена од претставници од Министерството за внатрепни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, Министерството за правда и невладиниот сектор

-

Наша обврска да се погрижиме ниту едно дете да не биде лишено од основните човечки потреби и удобности, заеднички да помогнеме да го направиме ова место подобар свет за нив за да можат живеат, а не само да преживеат. На децата не им е местото на улица, туку во училиштата, во образовниот процес. Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска се обрати по повод промоцијата на протоколот за постапување со деца на улица.

На настанот, освен Спасовски, свои обраќања имаа и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, амбасадорот на Норвешка за Србија, Северна Македонија и Косово, Јон Еуген Гелштад, како и постојаниот претставник на Канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија, Армен Григоријан.

„Со ова ќе се овозможи брза и координирана постапка за заштита на децата на улица од изложување на неповолни околности или штета, а децата ќе имаат и помош и поддршка, заштита, како и превентивни мерки кои обезбедуваат безбедна и стимулативна средина за животот и работните активности на секое дете, особено на децата во ризик”, истакна Спасовски.

Документот го работела работна група составена од претставници од Министерството за внатрепни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, Министерството за правда и невладиниот сектор.

„Сериозноста во пристапот и неопходноста да им се помогне на децата од улица наметна воспоставување на широка лепеза на постапки и мерки наменети за стручните лица кои се во допир со целната група и на кои им е потребен унифициран, стандардизиран и единствен начин на постапување со овие деца”, рече министерката Тренчевска.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...