fbpx

Денеска започна судењето за „Империја“ против тројцата преостанати обвинети

Обвинети се Цветан Панделески, Јованчо Тасковски и Зоранчо Митровски. Тие се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 4.753 382 евра

-

Денеска започна судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Обвинети се Цветан Панделески, Јованчо Тасковски и Зоранчо Митровски. Тие се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 4.753.382 евра.

Во декември минатата година, по севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот познат во јавноста под името „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против преостанатите три лица, информираат во Обвинителството.

Според обвинителниот акт, прво и второобвинетиот сториле кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Освен овие кривични дела, на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело „Измама“, за кое се товари и третообвинетиот.

„Прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати од сведок/соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица“, информираа во Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...