Измамничка објава на Фејсбук за наводна трговија со криптовалути ги злоупотребува имињата на познати македонски новинари

Вакви лажни измами има повеќе и во нив се злоупотребени имињата и на други новинари, како на Фуркан Салиу и Драган Павловиќ Латас, а злоупотребено е и името на премиерот Христијан Мицкоски

-

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била прекината од Централната банка. Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мулачка наводно вели дека со само 15 илјади денари влог може да станете милионер, доколку инвестирате на некоја платформа Nearest edge, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Анализираме објава на Фејсбук која преку морбидна вест дека наводно починала новинарката Ирена Мулачка, го злоупотребува нејзиното име со цел да измами корсници на социјалната мрежа за пари.

Се збогуваме со Ирена Мулачка, најтажниот ден за Македонија, стои во морбидната објава.

Вакви лажни измами има повеќе и во нив се злоупотребени имињата и на други новинари, како на Фуркан Салиу и Драган Павловиќ Латас, а злоупотребено е и името на премиерот Христијан Мицкоски.

За објавите е злоупотребено и логото на веб страницата Кајгана, за да делува како вистинска вест и да ги намами следбениците да кликнат на неа. На сајтот Кајгана вакви вести нее можат да се најдат.

 

За каква измама станува збор

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб страница minishouts.com каде што е објавено наводно интервју со Ирена Мулачка кое го води новинарот Борјан Јовановски и во кое таа говори како да се збогатите, открива тајна за тоа, во живо во емисија, но емисијата била прекината од Централната банка.

Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мулачка наводно вели дека со само 15 илјади денари влог може да станете милионер, доколку инвестирате на некоја платформа Nearest edge.

Во интервјуто е злоупотребено и логото на ТВ21 и нејзината емисија Клик плус, за да делува како реално.

Откако Мулачка ја открива наводно тајната за богатство, во емисијата се јавиле од Централната банка и го прекинале интервјуто.

Во лажното интревју на повеќе места се спомнува сумата од 15 илјади денари и платформата Nearest edge, до која има и линк. Доколку стиснете на линкот, ќе видите дека станува збор за измама со криптовалути.

Заработете од 44 800 до 103 000 денари дневно, ви вели оваа страница на самиот почеток, која бара да се регистрирате и да оставите ваши податоци.

На страницата се злоупотребени имињата на уште новинари кои наводно сведочат за тоа како успеале да заработата илјданици и милони денари за само еден месец.

Меѓу нив се имињата на Бранко Героски, Атанас Кировски, Сашо Орданоски, а тука е и актерот Сашко Коцев.

Очигледно целта на оваа измама е да собере ваши лични податоци и да ве натера да „вложите“ 15 000 денари, односно да ви украде пари.

За измамата на Фејсбук имаше реакција од Ирена Мулачка.

Не потпаѓајте на вакви лажни вести и измами.. Не давајте лични податоци…, напиша Мулачка.
Реагираше и Фуркан Салиу.
Не потпаѓајте на оваа измама. Немојте да давате лични податоци., напиша Салиу на Фејсбук.
Не е прв пат преку вакви морбидни лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат нивни лични податоци и да се „олеснат“ нивните сметки. Таков беше неодамнешниот случај со аналитичарот Петар Арсовски за кој исто така се ширеше лажна вест дека починал. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите.
Поради сето наведено, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...